fbpx
Дали знаевте дека на јазикот се акумулираат дури и емоциите?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Дали знаевте дека на јазикот се акумулираат дури и емоциите?

Дали знаевте дека на јазикот се акумулираат дури и емоциите?

by | Сеп 7, 2020 | 0 comments

Затоа е многу важно редовно да го исчистите јазикот. Не е само за вкус, разговор и бакнеж!

Јазикот е директно поврзан со имунолошкиот систем. Според рефлексологијата, различни области на јазикот се поврзани со специфични органи како што се: срцето, белите дробови, цревата, панкреасот итн.

Според Ајурведата, нашиот јазик ги концентрира остатоците од храната што ги јадеме, мртвите клетки, габи, бактерии и т.н.. Сите овие се токсини кои го попречуваат целосното здравје на нашиот метаболизам и исто така и на состојбата на свеста. Дали знаете дека повеќето бактерии живеат во процепите и реските на јазикот.

Затоа, една од техниките за детоксикација предложена во Ајурведата е чистење на јазик – првично наречен јихва праксалана, на санскрит.

КОЕ Е ИДЕАЛНОТО ВРЕМЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ?

Секогаш наутро, а може и навеќер пред легнување.

Кога спиеме, нашето тело лачи токсини од претходниот ден и овие остатоци се таложат на горниот дел од јазикот. Затоа наутро е вообичаено јазикот да има белузлав, жолтеникав слој.

Ако не се отстранат, овие остатоци се апсорбираат во и од телото, што влијаат на здравјето.

КАКО ДА ИСЧИСТЕ?

Четкањето јазик со четка за заби не е толку ефикасно како стругалка за јазик.

Идеално е да купите стругалка за јазик во форма на буквата U, по можност од не’рѓосувачки челик или бакар, бидејќи тие можат да стерилизираат и траат подолго. Дополнително бакарот поволно влијае на функциите на телото.

КАКО ДА ГО КОРИСТЕТЕ ЧИСТАЧОТ:

Отворете ја устата и извадете го јазикот. Поставете го закривениот дел од стругалка на дното на јазикот и додадете лесен притисок. Изгребете од назад кон врвот. Направете го ова 10 пати, секогаш нежно, без потреба од прекумерна сила. Исплакнете го стругачот по извршеното целоцно чистење на устата.

Дали сакате да дознаете повеќе за Ајурведата?!

 

Ајурведски бакарен чистач за јазик

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...