Според Ајурведата енергијата е таа која го дефинира нашето здравје, квалитет во живеењето и нашето место во општеството. Ајурведата вели „Каква ти е енергијата, таков ти е животот„.
Постојат две групи активности и дејствија кои даваат раст и пад на нашата сопствена енергија.
Ако повеќето наши активности се наоѓаат во првата група, на прав пат сме кон добра енергија,
здравје и расположение….и само треба да продолжиме понатаму со одржување позитивна
енергија. Ако нашите животни активности се наоѓаат во втората група…време е да промениме
нешто во нашиот живот. BE POSITIVE
Што поттикнува наплив на позитивна енергија:
-кога гладуваме;
-кога практикуваме вежби за дишење;
-кога сме изолирани;
-кога сме во молк некое време;
-кога шетаме (или едноставно се најдеме) покрај брег, планинина, со прекрасната глетка пред нас;
-кога се занимаваме со креативност без личен интерес;
-кога фалиме некого, на пример доблесна личност стореното добро дело, добри постапки и за
возвишените квалитети кои ги има;
-кога се радуваме и се смееме од дното на душата;
-кога несебично помагаме некому;
-кога покажуваме скромност;
-кога се молиме пред јадење;
-кога сме сочувствителни,
-кога се тушираме со ладна вода, особено наутро
– кога добиваме ајурведски третмани
-кога прегрнуваме столб на дрво или сме потпрени на дрво
– кога чекориме боси по земјено тло или едноставно стоиме боси на земја;-Редовно практикување ајурведски третман Абјанга




0 Comments