Урбаниот свет е силно загаден со бучава. Живееме во константна градската врева, бучава од
автомобили, градилишта, гласни звуци на машини, музики од денски и нокни клубови. Сите овие
нездрави децибели прават атак врз нашиот слух .
Секојдневно во сопствениот дом сме „бомбардирани“ со силни и продорни звуци – од силни
разговори, од машини за перење и сушење, гласна музика, автомобили, багери и машини на
блиското градилиште и што ли не….и замислете се така измиксирано каков хаос може да направи
врз нашето расположение, енергија и нашето ментално и физичко здравје. Ако бучавата трае
кратко, тоа не е проблем.
Но, продолжената изложеност на бучава и несакани високи децибели, покрај нарушувањето на
здравјето на слухот, нивото на стрес постојано го зголемува.
Еве како препознаваме дека бучавата направила пореметување врз нашиот енергетски
систем:
Бучавата го нарушува квалитетот на нашиот сон – лош квалитет на спиење, односно будно
спиеме, очите се затворени, но ушите се ширум отворени и слушаме се. Ако среде ноќ изненадно
се појави силен звук, нашиот мозок ќе реагира во стилот на „борба или бегство“, што е типична
реакција на стрес кога телото се подготвува да избега од некоја опасност. Во тој миг се лачи
хормонот на стрес, адреналин и кортизол, срцето почнува посилно да чука и се зголемува
високиот крвен притисок.
Оштетување и губење на слухот
Звуци послаби од 70 децибели не предизвикуваат оштетување на слухот.
Сепак, слушањето гласна музика или друга бучава од 85 децибели или повеќе, може да доведе до
оштетување или дури и до губење на слухот.
Губењето на слухот може да биде привремено (од неколку часа- ако сме слушале гласна музика
подолго време) и трајна (ако сме биле изложени на неподнослива бучава многу долго време).
Анксиозност и депресија
Во 2011 година направено е истражување кое покажа 28% зголемување на употребата на лекови
за вознемиреност кај луѓето кои живеат во близина на аеродром и се изложени на 10 децибели
поголема бучава од нормалната.
Друга студија покажа дека луѓето што живеат во области со зголемен сообраќаен шум имаат 28%
поголем ризик од депресивни симптоми отколку оние што живеат во тивка област.




0 Comments