fbpx
Доколку сте поборници на здравиот начин на живот и сакате да го негувате телото со природни препарати, пробајте со природно подготвен ајурведски дезодоранс.
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Доколку сте поборници на здравиот начин на живот и сакате да го негувате телото со природни препарати, пробајте со природно подготвен ајурведски дезодоранс.

Доколку сте поборници на здравиот начин на живот и сакате да го негувате телото со природни препарати, пробајте со природно подготвен ајурведски дезодоранс.

by | Мај 15, 2020 | 0 comments

Зошто токму природен дезодоранс за под пазуви направен исклучиво од органски состојки? Затоа што секој производ што го купуваме и користиме како дезодоранс содржи најмалку една токсична состојка, поврзана со ендокрино нарушување или карцином. Зарем тоа не е доволно за да се прекине со нивното користење кое може да влијае на вашето здравје и на здравјето на вашите сакани? Некои од штетните состојки кои се содржат во конвенцијалните дезодоранси се парабенот, триклосан, пропилен гликол, алуминиумски компоненти, вештачки мириси и бои. Сега откако се решивте да направите пресврт од конвенцијален на природен дезодоранс претходно мора да се направи детокс на пазувите. Ќе прашате зошто? Затоа што долготрајното користење на конвенционални дезодоранси сигурно оставило токсични материи под вашите пазуви. Доколку веќе користите природен дезодоранс и по неколку часа почувствувате тешка миризба, или пак настануваат одредени ранички под пазувите, тоа е едноставно од наталоженоста на токсични материи. Се повеќе слушаме за спречување на потење кое е сосема грешна постапка, нашето тело се поти со причина, на тој начин тоа ги отфрла сите токсични материи од телото, затоа што поскоро отфрлете ги конвенционални дезодоранси и префрлете се на природните. За начинот на детокс на пазувите ќе напишеме нов пост. Овој наш природен дезодоранс содржи кокосово масло, ши путер, пчелин восок, сода, густин и есенцијални масла од лаванда, чајно дрво, лимета и лимон. Дозволете си природно освежување на вашите пазуви и оставете го вашето тело да дише.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...