Започнете го денот со топло масло и самомасажа на телото. Маслото од сусам е одлично масло за пребродување на вата сезоната кое се користи за самомасажа. Ако можеби не ви годи чисто сусамово масло, наместо тоа можете да користите соодветно ајурведско масло за баланс на дошата или инфузирано шафраново масло.. На вата дошата дефинитивно и е потребно топло масло од сусам, или ако сакате да добиете инстант добробит можете да комбинирате со ашваганда, особено ако се чувствувате исцрпено.
Дисбалансот на вата дошата најчесто се манифестира во ушите, затоа во овие студени денови исполнете ги ушите со ајурведско топло масло и легнете настрана со главата, 10 минути во секое уво. Потоа, затворете ги ушите со памук.
Додадете неколку капки насја масло секое утро во двете ноздри. Ова дополнително ќе донесе непроценлива хидрација на кожата на лицето, дезинфекција и прочистување на назалните канали на носот и опуштеност на сета мускулатура сè до рамениците.
0 Comments