Детска поза (Баласана)
Ова држење на телото во мирување може да помогне во ослободување на напрегањето на вратот, рамењата и грбот, како и веднаш да се смири нервниот систем. Секогаш кога ќе го свиткате телото кон подот, поттикнувате акција на ладење. Ова може да помогне во зголемување на енергијата, а вежбата започнува со повлекување на сетилата кон внатре(pratyahara).
Инструкции: Клекнувајќи на подот, го поставуваме седалниот дел на петиците. Ако ова ви е непријатно, засукајте ќебе и ставете го во наборите зад колената (јамите за колена). Можете или да ги потпрете градите на бутовите или да ги раширите колената настрана, држејќи ги стапалата заедно и да го спуштите торзото кон земјата. Рацете може да се истегнат пред вас или да се вратат назад кон нозете, како и да ви е позгодно. Опуштете се во оваа поза до пет минути доколку ви е пријатно. Фокусирајте се навнатре кон телото. Ако забележите дека умот почнал да размислува, да е активен, обидете се едноставно да се вратите кон здивот и да си дадете простор за опуштање.
Научете корисни јога вежби на нашите редовни јога часови.




0 Comments