Зимаата е на прагот, започнува вата сезоната на непријатен студ и вируси кој најпрво го напаѓа грлото
придружено со јака кашлица?
Најверојатно до сега имаме пробано се: вдишување на пареа, разни капки и сирупи за смирување
кашлица набавени во аптека, но без некој вистинскиот ефект? Иако кашлицата е нормален
феномен кој ги чисти грлото и белите дробови од слуз, таа ни го нарушува квалитетот на живот и
затоа сакаме да се ослободиме од неа што е можно побрзо.
За ослободување од постојаната кашлица, ајде да пробаме еден природен ајурведски сируп.
Домашен мед со есенцијални масла
Постојат многу есенцијални масла кои се ефикасни во сузбивање и ублажувањето на кашлицата.
Тоа се:
Во есенцијалните масла се наоѓаат најлековитите состојки на
растението во нивната најмоќна форма. Секоја состојка во овој сируп има уникатни својства кои
во синергија ви помагаат да ја победите кашлица. Медот работи на смирување на иритирано грло, а
покрај тоа има и антибактериски и антимикробни својства. По можност медот да биде домашен и
со докажан квалитет, бидејќи тој ќе има најдобар ефект. Истражувањата покажуваат дека медот
може да ја потисне кашлицата подобро од декстрометрофанот – популарен лек за кашлица.
Домашен сируп за кашлица
состојки за подготовка:
1 капка есенцијално масло од лимон
1 капка есенцијално масло од темјан
1 капка есенцијално масло од мента
1 капка есенцијално масло од лаванда
1 лажица квалитетен мед
Сосотјките се мешаат и се консумираат веднаш. Една голема лажица мед со етерични масла е
доволна доза за апликација секој ден.
0 Comments