fbpx
Ајурведски трик – како да се победи стресот и да се врати енергетскиот баланс?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – како да се победи стресот и да се врати енергетскиот баланс?

Ајурведски трик – како да се победи стресот и да се врати енергетскиот баланс?

by | Ное 17, 2020 | 0 comments

 

Стресот како причина за појавување на болести е доста истражуван од страна на медицинските
научници, но сепак неговото исклучиво медицинско толкување не ја задоволува суштината на
настанувањето на болестите.
Што е живот? Процес на прилагодување кон условите во кои живееме
Избегнување на стрес во овие услови едноставно не е можно, па останува важно прашање:
Што му прави стресот на човекот?
Дали тој целосно го уништува и го слабее човекот или можеби, го охрабрува и зајакнува?
Како стресот влијае на здравјето и емоционалниот живот?
Стресот не е проблем сам по себе. Стресот станува проблем кога навремено не постапуваме
со настанатата ситуација и предизвик и кога личност која има проблем не може да одговори
соодветно на најдобар начин на настанатата состојба. Прилагодувајќи се на предизвикот,
индивидуата реагира биохемиски и физиолошки. Овој процес на прилагодување ги исцрпува
изворите на енергија на телото. Ако некое лице е премногу изложено на стрес, постои слабеење
на организмот, што се манифестира во секој сегмент од животот. Луѓето кои страдаат од
акумулиран стрес се подложни на болести, претежно психосоматски.
Симптомите кои го придружуваат стресот често се:
– необјасниво чувство на задушување
– проблеми со дишењето
– вознемиреност
– фрустрација
– депресија
– општо чувство на незадоволство и бесцелност
Акумулираниот стрес ги расипува и меѓучовечките односи, бидејќи ја намалува бистрината на
духот и отвореноста на емоциите. Низ текот на животот поминуваме низ разни периоди, онакви и
овакви, повеќе или помалку стресни, горе – долу….таков е животот. Во целина, може да се каже
дека реакцијата на стрес неизбежно вклучува дејство на:
– мозок
– нервен систем
– хипофизата
– надбубрежни жлезди
– бубрезите
– крвни садови и притисок
– сврзно ткиво
– тироидната жлезда
– црн дроб
– бели крвни клетки
Колку сме отпорни на стрес?
Користејќи ги постојните адаптивни и одбранбени механизми, организмот се стреми да ја надмине
не само непожелната, туку и честопати многу опасната ситуација во која се наоѓа.
Телото се обидува да се прилагоди на таквата ситуација со активирање на надбубрежните жлезди
и лачење на глукокортикоиди.
Синдромот на адаптација е збир на различни реакции на организмот на каква било форма на
агресија, односно надворешно влијание.
Овие реакции му овозможуваат на телото да ги издржи до одредена мерка процесите што се
јавуваат под влијание на стресот.

Како да си помогнете?

Практикувајте редовно ајурведски третмани кои веднаш и длабински ќе го намалат наталожениот стрес.

Практикувајте редовно јога и техники на дишење!

Земајте редовно ашваганда.

 

ТРЕТМАНИ

 

ЈОГА

 

Ashwagandha

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...