fbpx
Стресот – причина за рак?

Стресот – причина за рак?

by | Ное 17, 2020 | 0 comments

Една од најважните карактеристики на човечкиот организам е неговата прилагодливост, без која
тој едноставно не би можел да преживее во различни ситуации и средини.
Важна карактеристика на адаптацијата е моќта да се одржи стресот под контрола или да се
локализира, така што ќе може ефективно да се реагира.
Процесот на прилагодување кон стресот може да биде придружен со некои здравствени состојби
и болести. Овие се најчесто:
висок крвен притисок
разни срцеви заболувања
артериосклероза
болест на бубрезите
ревматски заболувања
кожни болести
болести на очите
инфекции
алергии
нарушувања на преосетливост
нервни болести
сексуални нарушувања
дигестивни заболувања
канцерогени заболувања
болести кои ја намалуваат отпорноста како целина
Овие состојби се јавуваат затоа што телото се бори против стресот и може да биде производ на
неуспех во одбраната.

Стресот – причина за рак?
Особено прашање на кое инсистираат многу научни кругови е прашањето за врската помеѓу ракот
и стресот.
Статистичките податоци покажуваат дека ракот често се развива по стресни и трауматски настани
– смрт на најблиски, губење на богатство, углед, работа, политичка функција.
Поради самата предрасуда дека некој умира безусловно од рак, тоа дополнително предизвикува
уште поголем стрес. Луѓето веруваат дека самиот факт дека им е дијагностицирана малигна
болест е доволен за веднаш да помислат дека нема спас. Тоа е погрешен став. Лицето на тој
начин станува дополнително подложно на трауматски стрес, што дополнително го влошува текот
на самата болест и ги ослабува одбранбените механизми.
Како да се воспостави природна рамнотежа?
1. заздравување со помош на енергија и вибрации
2. нутриционистичкиот пристап и третмани со природни билки, кои обезбедуваат соодветна
енергија и вибрации што му се потребни на човекот за да воспостави состојба на
енергетска рамнотежа
Така, на пример, кога јадете корен дел од зеленчук, за потребите на енергетскиот метаболизам
тој обезбедува претежно Јанг енергија. Ако ги јадете лиснатите делови на растението, тоа ќе
доведе до зголемување на енергијата на Јин (релаксирачка).
Застапниците на природната медицина веруваат дека човечкиот живот е форма на енергетско и
вибрационо постоење.
Во овој контекст, природната медицина не ги гледа човечките суштества како материјални тела,
туку како духовни манифестации.

Како да си помогнете?

 

Практикувајте редовно ајурведски третмани кои веднаш и длабински ќе го намалат наталожениот стрес.

Практикувајте редовно јога и техники на дишење!

Земајте редовно ашваганда.

 

ТРЕТМАНИ

ЈОГА

Ashwagandha

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...