Дали сте во зрели години и се плашите од ослабување на коските и можни скршеници?
*Ако не живеете баш здраво, ако пушите, не се движите, земате лекови, внесувате многу кофеин
и јадете нутриционистички слаба храна, големи се шансите вашите коски да имаат намалена
минерална густина. Ова, за жал го зголемува ризикот и од фрактури и од операции.
*Но, ако живеете и се храните здраво, внесувате многу минерали како калциум и магнезиум и сте
физички активни, навистина немате причина да се плашите.
*Состојбата на вашиот организам, а со тоа и здравјето на вашите коски и зглобови, во голема
мера зависи од вас и вашиот животен стил.
Познато е дека нашите коски полека ослабуваат по 30-та година од животот и нивната густина се
намалува. Ова е нормален природен процес.
Не е потребно да се земаат лекови за ова. Со вашиот начин на живеење и земање одредени
додатоци во исхраната, можете во голема мера да ги зајакнете вашите коски и да ја зголемите
нивната густина, а со тоа да спречите опасни фрактури на подоцнежна возраст.
Дали знаевте дека лековите за зголемување на коскената густина, како што се Бонвива и Актонел
вклучуваат несакани ефекти, како што се проблеми при варење на храната, металоиди, дијареја,
главоболки, тешкотии при голтање и болки во мускулите?
Покрај тоа, Бонвива е еден од бифосфонатите, кој исто така може да предизвика остеонекроза
или дегенерација на вилицата.
Ако не сакате дополнително да го загрозите вашето здравје, наместо лекови, изберете добри
природни начини за зајакнување на основата на вашето тело – коските.
Добри начини за зајакнување на коските – без лекови
РЕДОВНО ВЕЖБАЈТЕ – Пешачете, брзо одење, пливање, вежби за истегнување, јога вежби, таи-чи, вежби
за сила, на пример кревање помали тежини, вежби како што се чучњеви, склекови и слично. За
јаки и еластични коски, многу е важно редовно да сте во движење, односно да сте физички
активни. Ако вашите мускули се слаби поради пасивен начин на живот, тоа ви нанесува
дополнително силно оптоварување на коските и зглобовите. Покрај зајакнувањето на мускулите и
коските, вежбањето ќе ви помогне и да го зголемите чувството за рамнотежа, што значително ќе
го намали ризикот од можни падови, фрактури и повреди.
Дали знаевте дека луѓето кои практикуваат ЈОГА имаат дури 47% помал ризик од пад и 25%
помал ризик од фрактури на колк?
Ако немате искуство со вежбање, започнете полека и постепено градете ја својата сила и
издржливост. Контактирајте искусен јога инструктор за детални упатства за вежбање или придружете
се во група.
И не заборавајте: никогаш не е доцна за вежбање и физичка активност!
Добри резултати се подтигнуваат кога с езема редовно сигру
0 Comments