fbpx
Ајурведски трик – зголеми го имунитетот на природен начин
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – зголеми го имунитетот на природен начин

Ајурведски трик – зголеми го имунитетот на природен начин

by | Дек 25, 2020 | 0 comments

Сок за имунитет, анемија и ревитализација на целото тело.. Термички не се обработува.
Здрав сок без готвење со: цвекло, јаболко, морков, лимон, мед и ѓумбир.
Рецептот е многу стар, но ние го дополнивме со мед и ѓумбир.
Што ни е потребно:
– 4 поголеми лимони (ако немаат многу сок во нив, тогаш ставете 6 лимони)
– 3 големи јаболка
– 1 кг. цвекло
– 1 кг. моркови
– малку ѓумбир и кардамом (по вкус)
– 1 тегла органски шафранов мед (700 гр), но може да се заслади по вкус
– 2 литри вода
Излупете јаболката и зеленчук, изблендирајте и налејте вода. Покријте и оставете да стои 10 часа на ладно место или во фрижидер.
Со помош на газа или цедилка исцедете го сокот.
Додадете мед, кардамом и ѓумбир. Измешајте го добро и истурете го во шишиња. Пијте во рок од седум дена, бидејќи не може да стои долго.
Овој пијалок треба да се пие секој ден, една чаша секое утро. Веќе по првиот круг ќе се чувствувате подобро, поздраво, полно со енергија и волја.
За добар имунитет е многу добро кога се комбинира со Амрут.
Добро здравје!

 

Органски кардамом во прав 200гр

Amruth

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...