Ајурведа вели, кога некој напредува во духовниот живот ќе препознаеме по два знака:
- Секој ден човекот станува посреќен.
- Неговите односи со други луѓе се подобруваат.
Ако нема такви знаци, без разлика колку е добра духовната практика значи дека тој деградира.
Вистинската среќа доаѓа кога даваме, кога сме посветени, кога љубиме, бидејќи љубовта расте само при несебично давање. Себичен, алчен и завидлив човек не може да сака и ретко кој сака да комуницира со него. Тој не може да биде среќен човек.
Како да живееме, давајќи несебично, а да сме независни од овој свет. Колку помалку сме приврзани на овој свет, толку повеќе можеме да дадеме и се повеќе можеме да сакаме.
Ако секогаш сакаме да добиеме повеќе отколку да дадеме, стануваме зависници.
Кој прима зависен е, кој дава независен е.
Во Ајурведа, најстариот медицински систем, зачудувачки во својата длабочина и мудрост, се тврди дека во коренот на сите болести и страдања лежи – интересот и зависта, бидејќи тие ја зголемуваат себичноста и концентрацијата врз себе.
Што се случува со орган или клетка што не сака да работи во корист на целиот организам, туку само зема и троши ресурси од организмот? Таквите органи стануваат канцерогени и ако организмот не се ослободи од нив, тогаш тој полека изумира.
Затоа се стремиме да се ослободиме од клетките на ракот, односно себичните и изопачените луѓе, од цивилизација како целина која сака само да зема и не дава енергија.
Просветлените Ариевци во своите канони потенцираа дека цивилизациите не исчезнуваат како резултат на војни, природни непогоди и слично, туку затоа што поединците почнуваат да размислуваат само за себе, само да земат без да дадат.
0 Comments