fbpx
Ајурведата препорачува користење на природна и здрава храна
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведата препорачува користење на природна и здрава храна

Ајурведата препорачува користење на природна и здрава храна

by | Мар 1, 2021 | 0 comments

Според холистичкото гледиште и принципите на Ајурведата (повеќе илјади години стара наука за животот) високото ниво на свесност кон себе и околината сведочи за добро здравје. Ајурведата вели: добро здравје имаме само ако има равнотежа и баланс  во сите области на животот:

 

  • исхраната
  •  физичката активност
  • духовниот развој
  • семејството
  • кариерата

 

Клучна е рамнотежата во секоја смисла. Ако сме во склад со себеси и нашата околина, тогаш сме здрави и полни со енергија. Многу високото ниво на свесен став кон себе и околината сведочи за добро здравје.

Во Ајурведата, храната игра една од најважните улоги во одржувањето на добро здравје и затоа се смета за лек. Денес ќе ве запознаам со основните принципи на исхраната на ајурведата

 

Користете природна и здрава храна

Свежиот зеленчук штотуку  земен од вашата градина или локалниот пазар и послужен на семеен ручек е најдобар и најздрав. Направете разлика меѓу младите компири  кои сами ги одгледуваме или се купени на зелените пазари и индустриските одгледени и хемиски третирани. Се што е природно е здраво бидејќи има прана (животна енергија). Младите компири се „жива храна“ додека чипсот е преработена храна, има вештачки засладувачи, додатоци и рафинирана храна. Ваквата храна се смета дека нема прана (витална енергија), што значи дека тие не носат никаква корист.

 

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...