fbpx
Ајурведа препорачува редовно консумирање банани
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведа препорачува редовно консумирање банани

Ајурведа препорачува редовно консумирање банани

by | Апр 28, 2021 | 0 comments

Бананите го стимулираат имунитот систем. Без разлика дали ќе ги јадете во комбинација со некој здрав појадок, ќе ги комбинирате со некоја друга храна или ќе ви бидат основен оброк, бананите се ефтин, вкусен начин да се заситите. Ако, како и многу други луѓе, сте решиле да преминете на диета без јаглени хидрати, веројатно треба да го елиминирате ова овошје. Поради тоа, би можеле да доживеете изненадувачки здравствени промени. Еве што може да се случи ако целосно ги отстраните бананите од вашата диета:
Вашиот имунолошки систем може да страда
Бананите – а особено незрелите банани – се одличен извор на скроб што ги храни здравите бактерии во вашиот дигестивен тракт. Меѓутоа, ако ги елиминирате бананите од вашата исхрана, можете да ги лишите вашите корисни цревни бактерии од храната што таа им е потребна за репродукција. Според статијата за истражување од 2013 година објавена во списанието Frontiers in Immunology, соодветните пробиотички влакна можат да помогнат во поддршката на вашиот имунолошки систем, но елиминирањето на пробиотската храна, како што се бананите, може негативно да влијае на вашиот имунитет. Со други зборови, потенцијално можете да станете подложни на болести.
Ќе ви треба повеќе време да се опоравите од тренинг
Средно големата банана содржи околу 517 милиграми калиум или 11% од препорачаната дневна доза, а недостаток на калиум е поврзан со грчеви во мускулите. Студија од 2012 година објавена во PLOS One исто така откри дека бананите се ефикасни во намалувањето на воспалението после вежбање и создаваат разлика во циркулирачкиот допамин. Кај спортистите по тренинг напитоците кои ги користат за обновување на база на јаглени хидрати, замената за оброк, може да значи и елиминирање на храна која е неоходна и може да го забави закрепнувањето од тренингот.
Поголем ризик од развој на висок крвен притисок
Ако сакате да го одржите крвниот притисок во здрав опсег, можеби неопходно ќе е да вклучите банани на вашето мени. Студија од 2005 година објавена во списанието „Хипертензија“ открива дека храната богата со калиум веројатно има сличен ефект врз намалување на крвниот притисок како и калиум хлорид, додаток кој често се користи за намалување на крвниот притисок.
Се намалува ризикот од мозочен удар
Високиот крвен притисок е сериозен ризик фактор за мозочен удар, а елиминирањето на храната богата со калиум, како што се бананите, од вашата диета може дополнително да го зголеми тој ризик. Всушност, прегледот на мета-анализата објавена во БМJ од 2013 година откри дека луѓето кои земале повеќе калиум го намалуваат ризикот од мозочен удар за дури 24%, пишува „Јади ова, не тоа“.
Она што го препорачува ајурведата е тоа дека бананата не смее никако да се комбинира со животинско млеко, во разни шејкови, фрапеа… иако е многу вкусно. предизвикува големо скиселување на органзимот и тешко се вари.
Она што е важно е дека бананата може да се јаде како прв утрински оброк со други овошја, а потоа да не се внесува друга храна најмалку 2 часа.
Постојат околу 200 вида банани низ светот, од кој црвената ја нарекуваат уште и медицинска и е најздравата банана.
За подобри резултати при вежбањето ви препорачуваме Ашваганда.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...