fbpx
Ѓумбирот во борба со маснотиите и дебелината
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ѓумбирот во борба со маснотиите и дебелината

Ѓумбирот во борба со маснотиите и дебелината

by | Мај 12, 2021 | 0 comments

Ѓумбирот, како додаток или состојка во храната или пијалоците, може да заштити од дебелина и хронични болести. Како еден од најчесто користените зачини во светот има долга историја на употреба како хербален лек за третман на разни болести благодарение на разните фитохемикалии и антиоксиданси. Американската и кинеската академија на науките спроведоа истражување за ефектите на ѓумбирот врз процесот на слабеење. Тие заклучија дека ѓумбирот го смирува оксидативниот стрес (форма на клеточно стареење), има антиинфламаторни својства и го намалува холестеролот и крвниот притисок. Може дури и да ја намали атеросклерозата, или акумулацијата на опасни маснотии во артериите. Истражувањата покажаа дека консумирањето ѓумбир може да го подобри согорувањето на калориите и да го намали чувството на глад, како и дека е поврзано со слабеење кај повозрасни дебели луѓе. Исто така е поврзано со позитивни промени на холестеролот, шеќерот во крвта, крвниот притисок, воспалителните протеини и здравјето на црниот дроб. Ја зголемува подвижноста на цревата и го стимулира метаболизмот. Се разбира, овие студии спроведени на Американската академија на науките не покажаа еднакви резултати кај сите испитаници. Но, експертите забележуваат дека ѓумбирот е сепак одличен избор за чаеви и колачи и дека секојдневната потрошувачка може да даде само позитивни ефекти. Направете чај што топи маснотии! За подобри резултати користете покоцентриран ајурведски ѓумбир во прав или таблети.

 

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...