Губењето на косата предизвикува голема загриженост кај луѓето во последните
неколку децении. Стресот, загадувањето, неквалитетниот начин на живот и
лошиот избор на исхрана придонесуваат за лош квалитет на косата и нејзино
лесно кршење. Но, проблемот со губење на косата е сериозно зголемен кај
заразените со новиот коронавирус.
Борбата на телото против КОВИД-19 не е лесна. Вирусот го ослабува нашиот
имунолошки систем до екстремно ниво. Го нарушува нормалното
функционирање на телото и дава долги симптоми и по прележувањето. За да ја
вратите силата и сјајот на вашата коса, јогата може да биде одличен избор.
Античката форма на физичка активност ја зголемува циркулацијата на крвта во
главата и скалпот, што може да го намали опаѓањето на косата и да го поттикне
нејзиниот раст. Но, јогата не може да ви помогне ако не се храните здраво и ако
немате здрав начин на живеење. Значи, разгледајте ги сите аспекти за да
добиете повеќе придобивки од вашата јога сесија. Еве некои асани кои се
корисни за намалување на опаѓањето на косата:
Нади шодана пранајама, или наизменично дишење низ ноздрите – Nadi Shodhana pranayama
Оваа пранајама има голем број полезни влијанија на целото тело. Еден од нив е што делува смирувачки врз парасимпатичниот нервен систем. Пробајте го веднаш и ќе ја почувствувате вистинската моќ на оваа смирувачка и исполнувачка пранајама.
Чекор 1: Седнете удобно на под со исправен ’рбет и со прекрстени нозе.
Чекор 2: Вдишете и издишете неколку пати за да се чувствувате удобно во оваа
положба.
Чекор 3: Левата рака потпрете ја на левото колено во поза за медитација (спојте ги
врвовите на палецот и на показалецот).
Чекор 4: Показалецот и средниот прст од десната рака поставете ги помеѓу веѓите.
Чекор 5: Затворете ја десната ноздра со палецот од десната рака и длабоко вдишете со
левата ноздра.
Чекор 6: Затворете ја левата ноздра со малиот прст и прстот до него, отворете ја
десната ноздра и издишете.
Чекор 7: Повторно вдишете преку десната ноздра, затворете ја со палецот и издишете
преку левата. Повторете ја постапката 10 пати.
Ви препорачуваме да го комбинирате со органаски серум за коса, органски шампон за раст на коса и Амла
Научете повеќе практични вежби на наите редовни јога часови.





0 Comments