Намалете го крвниот притисок инстант со древна јогистичка пранајама
by Ayurveda Makedonija | Авг 13, 2021 |
СИТАЛИ ПРАНАЈАМА – SHEETALI PRANAYAMA #Sheetali
Зборот ′′шетали′′ значи освежување на санскрит, потекнува од оригиналниот збор ′′ Sheetal ′′ што значи смирување или студ.
Практиката на дишење шетали го смирува умот, го намалува стресот и гневот.
Го лади телото и умот и има тенденција исто така да го намали крвниот притисок.
Оваа пранајама е многу моќна.
Ефективна при зголемеан киселост во телото и акумулирана ама /токсини/, па дури и чиреви.
Целта на дишењето на ситали е да се намали телесната температура, ова може да има позитивен ефект врз ендокрините жлезди и целокуониот систем, особено кај луѓето со
Пита дизбаланс.
Многу ефективно е кај чувство на внатрешна нервоза, стрес, анксиозност и депресија.
Во древните познавања на Шри Шри јогата и Ајурведата се вели дека личноста ја одржува вечната младост и привлечност со практикување на оваа пранајама. Исто така, се вели дека оваа пранајама го отстранува вишокот на топлина акумулирана во системот, го намалува вишокот слуз во жолчката, го корегира нарушувањето на слезината, делотворен врз треската.
Оваа пранајама исто така дава контрола врз гладот и жедта.
Има смирувачки ефект врз целиот нервен систем, особено го стимулира парасимпатичниот нервен систем, кој предизвикува релаксација на мускулите и е многу ефикасен во управувањето со стресот. Ако сте под стрес, 10 минути
свесно дишење на шетали може да ве смири. Значи, оваа пранајама е многу ефикасна за релаксирање на телото и умот.
Во оваа пранајама јазикот се тркала на специфичен начин како што е прикажано во фигура и тој вдишува и издишува од јазикот. Односно како латиничната буква, во форма на U.
Препораки:
– Ако имате низок крвен притисок, оваа пранајама не може да се практикува. Затоа мора да бидете многу внимателни.
– Можеби ќе чувствувате мала сензации или чувство како настинка или пецкање на почетокот, но ова е нормално.
– Под никакви околности не треба да се форсира дишење.
– Ако чувтвувате сензации на вртоглавици, не грижете се, престанете да вежбате и продолжете нормално да дишете, а потоа продолжете.
При поголеми проблеми со топлина во телото и токсини земајте
Трифала.
Органска трифала во прав 200гр
ЈОГА
Питта
0 Comments