fbpx
Јога вежби доколку ја губите косата како последица од Ковид19
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Јога вежби доколку ја губите косата како последица од Ковид19

Јога вежби доколку ја губите косата како последица од Ковид19

by | Авг 16, 2021 | 0 comments

Губењето на косата предизвикува голема загриженост кај луѓето во последните
неколку децении. Стресот, загадувањето, неквалитетниот начин на живот и
лошиот избор на исхрана придонесуваат за лош квалитет на косата и нејзино
лесно кршење. Но, проблемот со губење на косата е сериозно зголемен кај
заразените со новиот коронавирус.
Борбата на телото против КОВИД-19 не е лесна. Вирусот го ослабува нашиот
имунолошки систем до екстремно ниво. Го нарушува нормалното
функционирање на телото и дава долги симптоми и по прележувањето. За да ја
вратите силата и сјајот на вашата коса, јогата може да биде одличен избор.
Античката форма на физичка активност ја зголемува циркулацијата на крвта во
главата и скалпот, што може да го намали опаѓањето на косата и да го поттикне
нејзиниот раст. Но, јогата не може да ви помогне ако не се храните здраво и ако
немате здрав начин на живеење. Значи, разгледајте ги сите аспекти за да
добиете повеќе придобивки од вашата јога сесија. Еве некои асани кои се
корисни за намалување на опаѓањето на косата:

Куче (Adho Mukha Svanasana)

Чекор 1: Ставете ги дланките и стапалата на под, така што телото ќе добие форма
слична на маса.
Чекор 2: Вдишете и подигнете ги колковите нагоре. Во исто време, исправете ги
лактите и колената за да направите превртена V форма.
Чекор 3: Притиснете со рацете на подот и исправете го вратот. Ушите треба да ги
допрат рацете, а погледот да биде насочен кон папокот, дишете.

Чекор 4: Направете неколку секунди пауза, потоа свиткајте ги колената и вратете
се во положбата на масата.

 

Штипалка (Uttanasana)

Чекор 1: Застанете со стопалата оддалечени едни од други во ширина на
колковите.
Чекор 2: Вдишете и истегнете ги двете раце над главата кон таванот.
Чекор 3: Издишете и свиткајте се напред преку нозете.
Чекор 4: Приближете ги прстите на рацете кон подот или поставете ги цели
дланки на подот.
Чекор 5: Направете мала пауза, потоа вдишете и нежно ставете ги рацете на
колковите за да се исправите.

 

 

Потпирање на раменици (Sarvangasana)

Чекор 1: Легнете рамно на грб со нозете споени и со рацете поставени покрај
телото.
Чекор 2: Полека кренете ги двете нозе, задникот и грбот колку што можете
повеќе, при тоа потпирајќи се на рацете и на лактите.
Чекор 3: Обидете се да ги исправите 'рбетот и нозете со потпирање на целата
тежина на телото на рамената и надлактицата. На вратот или на главата.не треба
да има никаква тежина.
Чекор 4: Вдишете и издишете во оваа положба од 15 до 30 секунди.

 

Позиција на дијамант (Vajrasana)

Чекор 1: Клекнете на подлогата на колената и дланките потпрени на бутовите.
Осигурајте се дека вашите стапала се малку одвоени едни од други.
Чекор 2: Седнете помеѓу листовите на нозете и повлечете ги стапалата близу до
задникот, држејќи го 'рбетот исправен.
Чекор 3: Истегнете ги рацете напред и поставете ги дланките над колената.
Чекор 4: Седнете во оваа позиција 2 минути и постепено зголемувајте го времето.

 

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...