Покрај водата краставицата успева да го хидрира телото. Се препорачува да се конзумира во поголема количина во лето. лесно ја хармонизира Пита дошата која во овој период е доминантна.
Овој пијалок, богат со витамини А и Ц, одлично освежува, дава енергија и дава сјај на лицето
бидејќи за кратко време овој магичен пијалок ја прочистува кожата од акни и мозолчиња, помага
да се ослободите од брчки. Со еден збор се достигнува хидратација одвнатре и однадвор. Исто така е добар за третман на кожата однандвор кој многу одамна се употребува во Ајурведата.
Потребни состојки:
2 литри вода
1 голема краставица – добро се измива, се отстрануваат краевите и се сецкаат на потенки
парчиња, заедно со кората.
1/2 лажичка кардамом.
Се ставаат парчињата краставица во вода и кратко време се остава
во фрижидер.
Потоа се додава, листови од мента нане, парчиња лимон, портокал, малини, јагоди и други
овошни сирупи по наш избор.
На здравје!
Овој магичен пијалок секогаш се пие ладен и во неизмерни количини.
Вода од краставици, е брз, ефтин, вкусен, здрав пијалок, кој ако секојдневно го користиме за
кратко време ќе достигнеме добри здравствени резултати, добра енергија и добра кондиција.
🍃🍂🍀 Направи си го денот убав и чувствувај се здраво!




0 Comments