fbpx
Смокви како лек и храна во Ајурведа
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Смокви како лек и храна во Ајурведа

Смокви како лек и храна во Ајурведа

by | Авг 17, 2021 | 0 comments

Дали знаете дека смоквите се едни од најстарите дрва на планетата Земја. Од таму, Ајурведата го користи секој негов дел во служба на здравје на човекот.

Во што се состои корисноста од смоквата, што ни помогнат и за што се добри?
Ако е сезона за смокви, подобро е да се консумираат свежи, бидејќи свежите смокви се многу
подобри и поздрави.

Еве пет причини зошто да се консумираат смокви:
Го намалува крвниот притисок
Смоквите се одличен извор на калиум кој помага да се намали и регулира крвниот притисок. Овој
минерал е слабо достапен во храната и во исто време е неопходен за добра функција на
организмот.
Помага при губење на килограми
Ова сочно медитеранско овошје е добар извор на диетални влакна, кои го подобруваат варењето
и обезбедуваат подолга ситост, а со тоа помагаат да се намали телесната тежина. Треба да се
спомене овој податок, односно дека 100 грама свежи смокви содржат само 74 калории.

Клуч за добро расположение
Смоквите содржат значителна количина витамин Б, комплекси кои му даваат енергија на телото,
обезбедуваат еластичност на кожата и јачина на мускулите. Една од придобивките на оваа група
витамини е тоа што ја подобрува работата на мозокот и го подобрува целокупното расположение.

Го намалува шеќерот во крвта
Смоквите имаат антидијабетични својства, односно го намалуваат нивото на шеќер во крвта.
Некои студии покажаа дека тие се од голема помош за регулирање на шеќерот кај луѓето кои
страдаат од дијабетес тип 1, добро е да се комбинира со Нисамлаки

Помага во борба со брадавици
Во природната медицина смоквите се сметаат за одличен помошник во проблемите со израстоци
на кожата, како што се брадавиците.
Доволно е да ставите половина смоква, со внатрешниот дел свртена кон проблематичното место
на телото. Се остава преку ноќ и наутро исплакнете со топла вода. Секојдневно го повторуваме
ова 7 дена. Ќе бидете изненадени од резултатите.

И не заборавете да ги консумирате во овој период од годината кога е и нивната сезона.

Уживајте во нивниот богат вкус.

 

Nisaamlaki

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...