fbpx
Антиревматски ајурведски зелен чај
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Антиревматски ајурведски зелен чај

Антиревматски ајурведски зелен чај

by | Авг 19, 2021 | 0 comments

Зелен чај

Овој чај е богат со антиоксидантни полифеноли. Покрај тоа што е одличен заштитник на здравјето
на срцето и мозокот, зелениот чај може да ги ублажи и болестите на ревматоиден артритис. Една
студија објавена во 2016 година во списанието Артритис и ревматологија, покажа дека зелениот
чај содржи полифенолни соединенија EGCG (епигалокатехин-3-галат) кои ги блокираат
негативните ефекти на артритисот без да се мешаат во другите клеточни функции.
Подготовка: истурете 2 дл врела вода врз кесичката со зелен чај и оставете да отстои 3-5 минути.
Секогаш пијте чај свежо подготвен со парче лимон во него.
Чајот се пие во мали голтки и никогаш премногу топол. Се пие во мир и тишина, за да може да се
опуштиш и да почувствуваш како телото и умот почнуваат да се релаксираат, а за тоа време
антиинфламаторните состојки од чајот тивко си ја вршат својата корисна задача, влагајќи до
болните и осетливи делови на телото.
Нека чајот биде твое уживање, лек и релаксација!

Чај од шипинка
Плодот на калинка или дива роза е одличен извор на витамин Ц, антиоксиданс за кој е докажано
дека ја намалува болката предизвикана од воспалителни процеси и го зајакнува имунолошкиот
систем. Истражување спроведено 2012 година покажа дека шипинката содржи антиинфламаторни
супстанции наречени галактолипиди. Медицинските истражувања покажаа дека луѓето кои биле
со артритис, а пиеле чај од шипинка болката им се намалила и им се подобрила подвижноста на
зглобовите. Шипинката помага и во обновување на зглобната ‘рскавица.
Подготовка: една лажица сушено или свежо смачкано овошје од шипинка се посипува со 3,5 дл
вода и се остава да одстои 3-5 минути. Може да се дададе лажичка цимет и лажичка мед.
Секогаш се пие свежо подготвен.

 

При болки и потешки воспаленија ви предлагаме ајурведски преглед и Пинда сведана

 

АЈУРВЕДСКИ ПРЕГЛЕДИ

Пинда сведана

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...