Со добра дигестија до одлично здравје – совети од др.Авишек Мишра
Совети од доктор Авишек Мишра, ајурведски специјалист
Според Ајурведата, сите болести се јавуваат заради слабите дигестивни ензими или како што се нарекуваат во ајурведата – дигестивен оган, како и не можноста храната целосно да се разложи и правилно да се апсорбира во дигестивниот систем.
Дигестивниот оган е клучот за одржување на имунолошкиот систем, нашето здравје и енергијата. Кога дигестивниот оган не е добар, храната не може правилно да се вари и остатоците се претвораат во токсини, кои во ајурведата се нарекуваат Ама. Овие токсини се причина за многу болести, како што се проблеми со срцето, холестерол, дијабетес, метаболички нарушувања, дебелина, несакана маснотија, проблеми со црниот дроб и бубрезите итн., а се должат само на слабиот дигестивен оган. Исто така, кaка резултат на слабиот дигестивен оган, после јадење може да се јави надуеност во стомакот, киселост, одење често пати во тоалет, главоболка, замор, ментална иритација, итн. Може да се појават и автоимуни проблеми. Овие токсини се акумулираат и предизвикуваат силна болка, па може да се појави дури и ревматоиден артритис.
Дигестивен оган треба да се заштити или да се одржува здрав. Една од важните работи е да јадеме само кога чувствуваме глад. Храната што ја јадеме кога не сме гладни, создава токсини и предизвикува болести. Треба да се избегнува храна тешка за варење, преработена или рафинирана храна, како и ненавремено јадење. Треба да јадеме според движењата на сонцето. Сонцето е присутно во текот на денот и тогаш дигестивниот оган е најсилен, па тоа е периодот кога треба да конзумираме храна, но не и навечер. Овие мали промени ќе ви помогнат да го одржите балансот на дигестивниот оган. Избегнувајте да пиете вода непосредно пред и после јадење, избегнувајте ладна вода. Дозволено е да се пие малку вода само за време на оброкот. Пијте вода 30 минути по јадење.
Ако вашиот дигестивен оган е совршен, тогаш и вашето здравје ќе биде совршено.
При проблеми со дигестијата ви предлагаме редовно земање
Харитаки и
Трифала.
0 Comments