Сочувство и емпатија – ова се добри карактеристики на една личност. Но, можно е понекогаш да
ни пречат во креирање на својот живот, ни го одземаат мирот и спокојот.
*Да се биде „сочувствителен“ значи да си способен да ги доживееш чувствата и искуствата на
друга личност „како твои„.
*Емпатијата се карактеризира со вистинско присуство во комуникација со личноста, отвореност и
врска без манипулација, трпеливост и интерес за соговорникот и неговите проблеми. За жал,
некои луѓе, кои ги нарекуваме „вампири„ ја користат ова особина.
5 начини како да се ослободиш од негативната енергија на другите луѓе:
1. Запомни дека не може да им угодиш на сите
Ако некој се залепен до тебе, се жали или постојано бара помош, треба да знаеш: решавањето
на неговиот проблем не е твоја мисија. Колку повеќе му помагаш на човек кој се залепил за
тебе и „се храни“ со твојата позитивна енергија, толку се поголеми шансите дека на крајот, сепак
ќе станеш „лош“ за него. Ако некој ти се лути, значи дека си направил премногу добро за овој
човек. Запомни, не си во можност да им помогнеш на сите. Понекогаш, најдоброто нешто што
може да направиме е секој да се грижи за себе.
2. Биди внимателен при изборот на оние што ги покануваш во твојот живот
Твоето тело, ум, твојот партнер и твојот дом – тоа е твојот храм. Кого сакаш да поканиш некого во
твојот живот дали е тоа отворен повик? Дали луѓето ги бришат нозете пред да влезат кај тебе
дома? Дали доаѓаат кај вас кога тие сакаат? Дали доаѓаат само за да ја извадат нечистотијата од
нивните души? Мора да си внимателен кого пушташ да влезе рамо до рамо во твојот живот? Ако
не внимаваш, а влегуваат секакви луѓе со негативна енергија, а последиците и нечистотиите што
ги оставаат тие, подоцна ги живееш самиот ти.
3. Престани да обрнуваш внимание.
На паразитот му треба опашка за да преживее. Луѓето кои живеат од туѓата енергија постојано
бараат нови жртви. Енергетските вампири се навистина способни полнат батерии од нас, затоа
мора да се биде внимателен!
Ако негативен човек те заморува и се најде во твојот живот, по било кој основ, запомни„ преправај
се дека го слушаш што ти говори, не навлегувајќи подлабоко во ништо заедничко и само климај со
главата дека се сложуваш со се што тој говори.
Да научиш да се сакаш себеси, доволно за да го цениш сопственото време и чистотата на својот
ум. Ако некој те мачи со својот карактер, со неговиот тежок карактер, измислените проблеми кои
имаат за цел да те придобијат, потребна ти е само храброст да го сопреш и да му кажеме дека
тука е границата, немаш повеќе време и енергија и едноставно треба да испариш, да те нема. Тоа
е најдобар начин да си заминеш подалеку од енергетските токсини.
4. Биди сам со природата
Ако ти треба време да размислиш, да се опуштиш и да бидеш подалеку од сите замини во
природа..
Осами се во природа, седни, опушти се и фокусирај се само на здивот. Дишењето ќе го подобри
протокот на крв во мозок и ќе ти овозможи да се ослободиш од се.
Отфрли ги дијалозите со оние луѓе кои ти се напорни, кои те заморуваат и имаат тешка енергија.
5. Преземи 100% одговорност за она што се случува во твојата глава
Универзумот ти праќа средби со илјадници луѓе. Твоја задача е, да избереш од сите само оние
што позитивно влијаат на твоето видување за животот. Не биди жртва. Никој нема право да ти ги
опседне мозокот, душата, волјата и слободата.
Направи свесен избор: кој ќе управува со твојот живот – ти или другите луѓе. Не е толку
едноставно како што изгледа, но направи го изборот.
Размисли кои луѓе, и кои ситуации ти даваат животна енергија? Поминувај се почесто време со
себе, со луѓе кои те инспирираат и ти даваат крилја.
И запомни: Секоја љубов кон другите започнува со љубов кон себе. Заслужуваш среќа и мир.
Само почни да велиш „Не“ почесто, на сите оние кои се залепиле за тебе како паразити, идентификувајќи се како да сте едно цело. Кажи да на сречата, љубовта и слободата.
Добри резултати се постигнува со редовно практикување на јога и медитација.




0 Comments