Едно од најдобрите природни масла е дефинитивно бадемовото масло. Поради природното богатство што го содржи во само една лажичка, бадемовото масло е вистински бисер и откритие на природата, па зазема посебно место во ајурведата. Ајурведските стручњаци го познаваат одамна и му веруваат многу. Овој прекрасен дар на природата можеме да го искористиме на многу начини за да ја подобриме и зачуваме нашата убавина.
За кожа без акни
Измешајте бадемово масло (1 лажица), мед (2 лажици), и арганово масло /1 лажица/ и масирајте го лицето со нежни движења на рацете. Оставете ја маската да делува половина час, потоа исплакнете со топла вода и исушете ја кожата со мека крпа. Ова е добар еликсир кој исто така го спречува создавањето на нови акни. За да бидете убави, не е доволно само да користите бадемово масло како препарат, туку треба да се внесе во телото преку храна или пијалок. Ако сакате целосно да го искористите бадемовото масло – испијте го. Најефикасно е да се пие една лажица бадемово масло наутро на празен стомак. Покрај тоа што е одлично за убавината и здравјето на целото тело, бадемовото масло содржи фениланин кој е одличен за нервниот систем. Исто така е добар извор на микронутриенти (калциум), што е неспорно задолжително во нашата исхрана. Користењето бадемово масло ги зајакнува коските, како и целиот скелетен систем.




0 Comments