Најздравиот начин за консумирање бадеми
Иако не е штетно да се консумираат сушени бадеми, многу луѓе потребно е да ги натопат во вода па дури и ги лупат пред употреба, вели др.Авишек ајурведкси лекар. Дали таквите бадеми се навистина подобри и дали нудат дополнителни здравствени придобивки? Древните тексотви и истражувањата покажуваат дека бадемите и другите зрнести плодови што се потопуваат во вода пред употреба се подобри од суровите и има неколку причини за тоа. Придобивките од бадемите
Бадемите се полни со хранливи материи и се одличен извор на влакна, протеини, витамин Е, магнезиум, манган, бакар, фосфор и многу други корисни состојки. Сите овие хранливи материи помагаат при губење на тежината, го подобруваат здравјето на коските, расположението и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Бадемите го зголемуваат нивото на антиоксиданси во телото, го намалуваат крвниот притисок и го подобруваат протокот на крв. Ако уживате во редовното конзумирање во оваа вредна храна, обидете се да ги натопите во вода претходниот ден.Потопувањето на бадемите во вода го подобрува нивното варење. Таквите бадеми се полесно и подобро да се готват од сурови или печени. Ова важи особено за луѓе со дизбаланс на Вата дошата., бидејќи кога ги конзумираат во сурова форма се со пресурова енергија. Се што е натопено во вода лесно се џвака и полесно се вари, а со тоа и има подобра искористливост на хранливите материи Достапноста на хранливи материи од бадемите се зголемува кога се потопуваат во вода, а антиоксидансите и придобивките од растителните влакна се зголемуваат. Потопувањето исто така ги отстранува нечистотиите што можат да спречат апсорпција на одредени хранливи материи.
Забрзуваат губење на тежината
Бадемите потопени во вода ослободуваат ензими како липаза, кои го зајакнуваат метаболизмот и помагаат при слабеење. Затоа, ако планирате да ослабете, се препорачува да земате бадеми со оброците, советува др.Авишек
Отстранување на фитинската киселина
Кога не потопувате бадеми во вода, во нив се задржува фитинска киселина, која врзува некои од хранливите материи, спречувајќи ја нивната апсорпција во телото.
Најкорисен начин на внесување здрави нутритиенти во телото е со редовно земање бадемово масло.




0 Comments