Ајурведска супа-лек за се
Кога ќе го изговараме зборот супа, во главата веднаш излегува слика на нашата баба и нејзините
топли зборови „супата е лек за се синко“. Секој од нас памети и знае дека кога сме имале
настинка или некоја болест, прво нешто што ни препорачуваат докторите е …„Јади што повеќе
супа„. Чувство на топлина во стомакот што се јавува веднаш после неколку лажици супа е
незаборавно и единствено. Супата ни ја грее душата особено во студените сиви денови….Мммм…
Би сакале да ви подариме наједноставниот рецепт за есенска ајурведска супа. Тиквата е, се
разбира, главната состојка, која заедно со слаткиот компир и моркови даваа одлична енергетска
бомба. Токму поради овие 3 состојки, оваа супа е одлична и за вашите бебиња постари од 9
месеци.
Подготовка:
На малку ги масло се динста кромид (главица средно голема), се додава морков, па
парчиња тиква (две големи чаши содржина од рендана тиква) и сладок компир (еден средна
големина).
Откако убаво ке ги издинстаме, посипуваме со вода или супа од зеленчук едно 700дл, (постепено
додавајќи по една чаша) и полека го оставаме на среден оган да се вари околу 15 минути.
Додаваме сол, црн пипер, едно мало лажиче куркума и пола лажичка кафена ким. По
желба може и една рака сецкан магдонос, ѓумбир и кардемом, на крајот.
Откако ке се свари чорбата, со миксер или блендер матиме да се изедначи смесата
Совети:
Може да направиме супа од само еден од овие зеленчуци.
Можете да додадеме и други зеленчуци како: тиквичка, карфиол или брокула.
Зачинете по вкус, но дефинитивно препорачуваме куркума, кардамон и ѓумбир.
На здравје!




0 Comments