Лененото млеко по својата надворешност изгледа прилично густо и има поинтензивен вкус.
Тој е здрав напиток, антивоспалителен и она што го прави посебен е богатството со омега 3
масни киселини. Одличен е за детоксикација на телото.
Потребни состојки:
70 гр лен
1 литар вода
Постапка:
Во блендер ставете ги семките од лен, потоа додадете ја водата и оставете ја смесата да делува
една минута. Потоа изблендирајте ја смесата, така што водата полека ќе почне да добива малку
кремаста боја. Откако убаво ќе се изблендира, процедете го млекото преку газа (или многу густа
цедалка) и подигнете ја пената одозгора.
Чувајте го напитокот во стаклено шише во фрижидер до четири дена.




0 Comments