fbpx
Намалување на висока температура на ајурведски начин
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Намалување на висока температура на ајурведски начин

Намалување на висока температура на ајурведски начин

by | Ное 12, 2021 | 0 comments

 

Треската или високата температура е начин за чистење на телото од токсини и инфекции. За жал,
оваа функција на организмот често е погрешно сфатена и предизвикува страв кај повеќето од нас.
Нашата нормална телесна температура е 37 C. Сè што ја надминува оваа температура се смета
за треска. Малите промени во температурата на телото не треба да се сфаќаат сериозно.
Температурата на телото може да се менува во зависност од времето, од денот и физичката
активност. За време на болест, температурата му помага на телото да се бори против
инфекцијата. Ова е нормален процес и во повеќето случаи не е потребно намалување на
температурата. Сепак, над одредена граница, високите температури можат да бидат опасни.
Температурите над 40C се сметаат за многу опасни и бараат итна интервенција. Ако
температурата се задржи на тоа ниво долго време, тоа може да предизвика оштетување на
мозокот, конвулзии, па дури и смрт.
Може да се појават ситуација кога лекови не ни се достапни, а имаме потреба од брзо реагирање.
Или можеби не сакаме да користиме конвенционални лекови за намалување на треската поради
нивните штетни здравствени ефекти? Затоа треба да ги знаеме кои се можностите за итна помош,
дадени од природата:
Првиот чекор на висока температура
Ако имаме висока температура, најдобро е да не јадеме цврста храна и да пиеме што повеќе
течност -вода, вода со лимон и кардамом, чај или овошни сокови. Топлата течност ќе го поттикне потењето –
природен механизам за ладење на телото кој исто така го ослободува телото од токсините.
Може да направиме специјален чај кој го поттикнува потењето

– 1 лажичка мачја метвица (nepeta
cataria),

каранфилче (Eupatorium perfoliatum),

нане и жалфија ги преливаме со 1L зовриена вода и по 10 минути процедуваме.
Пиеме 1 шолја чај, на секој еден час.
Кора од бела врба – природен антипиретик, природен аналгетик и антипиретик!
Ѓаволска канџа
Ајурведата го промовира коренот на ѓаволската канџа (лат. – harpagophytum) против висока
температура. Се консумира чај или прав од ова растение. Освен што ја намалува температурата,
ѓаволската канџа има и антиинфламаторни својства кои можат да помогнат при бактериски
инфекции.
Чоколадо
Дали знаевте дека чоколадото е лековито? Традиционално, какаото се користи како лек за треска,
депресија, болести на бубрезите и црниот дроб.
Калинка
Многу делови од ова овошје се користат за медицински цели. На пример, црвените зрнца на
калинката ја подобруваат крвната слика, а кората на калинката може да се користи како средство
против висока температура.
Природен аспирин
Ајурведата ги користи бадемите, брезата и врбата како лек бидејќи содржат салицин – природен
аспирин кој е многу ефикасен токму за намалување температура.
Жалфија
Освен што ја намалува температурата, има и антибактериски и антисептички својства.
Чили
Ајурведата смета дека зачинетата храна не само што е вкусна, туку помага и за намалување на
температурата. Храната која содржи чили или црн пипер предизвикува потење – природен
механизам за ладење на телото.
Индијците прават лут и кисел напиток од чили, црн пипер и портокал против треска. Црниот пипер
и чили (по половина кафена лажица) се натопува во топла вода, се додава сок од еден до два
портокали. Овој напиток, освен што ја намалува температурата, го поттикнува потењето и го
снабдува организмот со витамин Ц.
Ѓумбир
Ѓумбирот, покрај многу лековити својства, умее многу брзо и ефикасно да ја намали

температурата. Може да направиме чај од ѓумбир во прав, или парче изрендан жив ѓумбир со
лимон. Овој чај не само што го поттикнува потењето и ја намалува температурата, туку помага и
при бактериски инфекции на грлото.
Еукалиптус
Дрвото еукалиптус произведува миризливо масло за кое се вели дека помага при високи
температури.
Малина, брусница и кучешки трн
Топли напитоци од малина, брусница или кучешки трн се многу ефикасни против треска.
Со дрвена лажица издробуваме една чаша малина, брусница, кучешки трн и го исцедуваме сокот.
Остатокот од овошјето го преливаме со 1 л вода и го оставаме да зоврие. Може да додадеме
исцеден сок и неколку лажици мед. Топлиот напиток го пиеме, по една чаша на секои 30-40
минути.
Капење со ладна вода
Ова е еден древен а многу ефикасен начин како инстант да се намали температурата на телото.

За подобар имунитет ви предлагаме Амрут.

 

Органски кардамом во прав 200гр

Amruth

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...