Ако имаме прекумерна тежина која ни пречи, ако ни е мачно да започнеме строга диета која не
лишува од омилените оброци и ветува совршена линија, ако ни е преку глава од мачното
намалување неколку килограми, а повторно не сме задоволни со себе, редно е да внесеме новина
во нашата исхрана.
Една од причините за тешко намалување вишок килограми е бавниот метаболизам, недоволно
физичка активност и недостиг на потребна дополнителна стимулција на нашето тело. Ако овие
нешта се присутни во нашиот живот тогаш најдобро е ИТНО во исхраната да го вклучиме овој
природен напиток кој помага во намалувањето на телесната тежина, а притоа има и
дополнителен бонус – врши внатрешна детоксикација на организмот.
Комбинацијата од лимон, ѓумбир и кардемон е супер ефектна мешавина која ја елиминира
надуеноста и помага во регулирањето на варењето.
Потребни состојки:
– 300 ml млака вода
– исцеден сок од половина лимон
– изрендано или ситно исецкано парче ѓумбир – 1см
– половина мала лажица мелен кардемом
Подготовка:
– во чаша млака вода ги додаваме: исцедениот лимон, ситно изренданиот или исецканиот
ѓумбир и половина мала лажица мелен кардемом
– го оставаме напитокот да отстои неколку 5 до 10 минути, а потоа го пиеме.
Најдобро е овој напиток да се конзумира наутро, половина час пред појадок и на празен стомак.
Доколку секојдневно го пиеме овој магичен напиток, со мала корекција во обилноста на исхраната,
првите резултати ќе ги видиме по само седум дена. Најсилните ефекти ќе ги видиме во пределот
на стомакот кој станува видно поравен, надуеноста исчезнува, потребата за глад се намалува,
стануваме по енергични и задоволни.
За брзо и лесно намалување на килограмите ви предлагаме редовно земање трифала.




0 Comments