Дали знаеме дека постои точка на телото која ако ја притиснеме може да не ослободи од стрес и
анксиозност. Потребно е само да ја притиснеме кога ќе се чувствуваме вознемирени!
Овој инстант самотретман може да го нормализира крвниот притисок на 120/80 за два дена – вели
Ајурведата – бидејќи, нашето тело има одредени марма точки лоцирани по енергетските канали низ
кои тече енергијата. Овие канали се нарекуваат енергетски центри.
Нашата животна енергија (чи) тече низ енергетските центри. Во телото има вкупно 12 меридијани
кои минуваат низ најважните органи на нашето тело. Го одржуваат телото во форма, здравје и
виталност, а доколку не функционираат нормално, се губи рамнотежата во телото. Со нежен
притисок на одредени марма точки, односно марма третмани, може да се подобри состојбата на
вашите енергетски центри.
Во изведување на овие марма третмани се користат прсти, со кои се стимулираат одредени
енергетски точки и на тој начин се ублажува стресот и анксиозноста.
Оваа марма точка е сместена во центарот на градниот кош и се верува дека
оваа зона е енергетскиот епицентар на нашето тело во кој се наоѓаат сите човечки емоции. Со
нежно притискање на оваа точка и масирање, ќе можете да го ублажите стресот, анксиозноста,
стравот или паниката.
Стимулирањето на марма точката помага во одржувањето на рамнотежата на енергијата на јин и
јанг, а многу експерти за акупресура веруваат дека притискањето на оваа точка може да го одржи
здравјето на нервниот систем и да го зајакне имунитетот.
Оваа точка се наоѓа во средината на градната коска, односно четири прста над градната коска.
Кога ќе го лоцирате, ставете два прста врз него.
Седнете со исправен грб, преклопете ги рацете како во положба за молитва, а потоа ставете ги
врвовите на прстите врз оваа точка и држете ги околу 3 минути. Со лесни кружења во правец на часовникот.
Ако сакате, можете да седите и во положба на лотос. Затворете ги очите, опуштете го телото и
фокусирајте се на дишењето, но вдишувајте и издишувајте со природно, нормално темпо. Чувајте
го вратот и рамената целосно опуштени. Фокусирајте се на допирот на точката и обидете се да се
ослободите од негативните мисли. Бидете опуштени колку може повеќе и останете во мирна
положба 3 до 5 минути. Правете ја оваа самотерапија секогаш кога се чувствувате дека сте под
стрес, возбуда или имате чувство дека притисокот ви е накачен.
Биди исцечител самиот себе си!
Помогни си, кажи стоп на стресот и донеси си мир и добра енергија!




0 Comments