fbpx
Mоќта на самоизлекување

Mоќта на самоизлекување

by | Дек 6, 2021 | 0 comments

 

*Нашето тело е неверојатна „моќна машина“ со бројни програми и функции во себе, а една од нив
е моќниот програм за самолекување.
*Ајурведата вели дека клетките природно се регенерираат со различна брзина во зависност од
тоа каде се наоѓаат во телото. Дали знаеме дека на клетките во очи потребно им е само 48 часа
за да се регенерираат, додека на клетките во црниот дроб дури 6 недели за целосно да се
реплицираат.
*Патот до доброто здравје вклучува здрава и урамнотежена исхрана, физичка активност и
избегнување на пороци, но и една клучна работа – добар емоционален и ментален статус и
рамнотежа.
*Ајурведскиот лекар др. А.Мишра, вели дека нездравите клетки дополнително се размножуваат
бидејќи негативните емоции се хемиски заробени во клетките. Негативните емоции во клеточната
меморија се оние кои предизвикуваат здравата клетка да се реплицира како нездрава, што
дополнително може да го зголеми ризикот од болести кои самите ние си ги донадградуваме.
Хемикалиите предизвикани од емоции се складираат во клеточните ѕидови. Докажано е дека при
средба со позитивни и здрави емоции (како љубов, мир и нежност), клеточните ѕидови реагираат
со отворени рецептори и остануваат здрави.
*Од друга страна – вели др.А.Мишра, нездравите емоции и трауматските настани имаат негативно
влијание врз здравјето, особено ако ги потиснуваме непријатните чувства во себе. Сè додека
трауматичното сеќавање од клетките не се излечи, на одреден начин се блокира комуникацијата
меѓу клетките, што во одреден момент доведува до развој на физичка болест која се појавува во
телото.
*Од страна на Ајурведската асоцијација од Индија, додека бев на студии, правевме бројни
истражувања на луѓе со одредени болести. Испитаниците беа предложени од ајурведски лекарски
конзилиум, лица со одредени дијагнози, кои секојдневно во исто време земаа учество во
програмата на Art of living, водени од искусни инструктори за медитација, медитативни техники и
техники на дишење. После 40 дена изведување на оваа програма, секој од нив имаше напредок,
подобрување на здравствената состојба и беа постигнати видни резултати и тоа што можеше да
се заклучи е тоа да сите испитаници имаа две заеднички карактеристики-вели др.А.Мишра:
Сите кои имаа видни резултати, имаа способност спонтано да се поврзат со емоционалната
интелигенција и да влезат во медитација.
Секој од нив беше подготвен да прости, отворено да зборува за своите чувства и да ослободи
трауматични спомени и стресови од минатото.
За крај др.А.Мишра вели: кога се поврзуваме со повисока интелигенција, клеточната меморија
почнува да се репрограмира, а блокадите предизвикани од потиснатите емоции почнуваат да се
ослободуваат. Ако си простуваме и ги оставаме нештата да си заминат, едноставно го
прочистуваме нашето емотивно и ментално тело, а физичката кондиција и здравје полека
добиваат завидно ниво. Најважно е изведувајќи ги овие самоисцелителни техники и медитации да
се потопите во себе, да откриете што е тоа што сте го потиснале, кои се болните искуства што сте
ги втурнале длабоко во себе и преку свеста да го активирате природниот процес на заздравување
во вашето тело. Важно е редовно да ја чистите вашата енергија и емоции, отстранувајќи ги
траумите и негативните емоции од минатото кои се скриени во вас. Ѕирнете во вашата душа и
активирајте го зараснувањето на емоционалните рани. Наместо вознемиреност и непријатни
чувства кои се поврзани со минатото, најдете љубов, сочувство и мир во себе и кон себе.

 

АЈУРВЕДСКИ ПРЕГЛЕДИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...