fbpx
Не ви се потребни веќе лекови за главоболка!
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Не ви се потребни веќе лекови за главоболка!

Не ви се потребни веќе лекови за главоболка!

by | Дек 6, 2021 | 0 comments

Еве како со едноставна масажа, многу едноставно и природно ќе ги излечите сите видови
главоболки
– Потребно е да заземете удобна положба и да се опуштите.
– Масажата не одзема многу време, но во просек околу 30 секунди до 1 минута.
– Еве кои точки треба да ги масирате во зависност од видот на болката што ја
чувствувате

Точката на третото око се наоѓа помеѓу веѓите, на местото каде што коренот на носот
минува низ челото. Оваа точка е одговорна за елиминирање на болката во очите. Оваа
симетрична точка се наоѓа на средината меѓу веѓите. Масирајте ја оваа област за да ја
зголемите визуелната острина, а може да го запрете течењето на носот.
Масирајте 1 минута со кружни движења.
Постојат две марма точки кои се наоѓаат на двете страни на ноздрите, во линија на
очите. За да ги најдете, почувствувајте ја дупката на дното на образот. Ќе ви помогне да ги
отпуштите синусите, да ги намалите главоболките и забоболките, како и да се ослободите
од моментален стрес.
Оваа марма точка се наоѓа во средината на задниот дел на главата, помеѓу ушите и
почетокот на ‘рбетот. Масирањето на оваа точка помага да се ослободите од назална
конгестија, болки во очите и ушите, силни главоболки и мигрена.
Постои марма точка која се наоѓа на 2-3 см од коренот на косата над ушите. Со
притискање на овој дел се решаваат болките во темпоралниот лобус и заморот на очите.
Постојат симетрични марма точки кои се наоѓаат помеѓу палецот и показалецот. Кога
ќе ги притиснете точките со два прста (палецот и показалецот)од горната и долната страна
на дланката, инстант ќе се ослободите од болка, забоболка и вкочанетост во мускулите на
вратот.
Сите марма точки нежно се масираат со кружни движења.
Обично главоболката исчезнува за време на масажата или 5-10 минути подоцна.
*Една од најчестите причини за главоболка е дехидрацијата. Ова лесно можете да го решите: кога
ќе ги почувствувате првите знаци на главоболка, испијте чаша вода, а потоа пијте една по друга
во текот на денот.
*Лимонот е многу ефикасна и моќна состојка за лекување на главоболка, бидејќи освежува и
лекува. Исцедете половина лимон во чаша топла вода, промешајте го и испијте го во еден здив,
со мали паузи.
*Друга опција за да се смири местото или главоболката е да направите паста од кора на лимон и
да ја нанесете директно на болното место.

Закажете си ја вашата марма терапија.

 

Марма терапија

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...