fbpx
Природни ајурведски лекови за гастритис
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Природни ајурведски лекови за гастритис

Природни ајурведски лекови за гастритис

by | Дек 6, 2021 | 0 comments

 

Гастритис е воспаление на слузницата на желудникот што може да биде предизвикано од
прекумерна акумулација на жолчка, лекови, автоимуни болести, неправилна исхрана, прекумерно
консумирање алкохол и многу други фактори. Кога ќе се појави гастритисот знајте дека вашата Пита доша е во дизбаланс, осносно вашиот елемет на огин.

Станува збор за болест која потешко се
дијагностицира, а најчести симптоми се болки во стомакот, металоиди, губење на апетит, гадење,
повраќање и темна столица.
Ви ги претставуваме најефикасните природни лекови за гастритис
Свеж сок од зелка
Еден децилитар свеж сок од сирова зелка секое утро на празен стомак може брзо да ги отстрани
проблемите предизвикани од гастритис. Зелката е богат извор на глутамин, кој помага во
заздравувањето на слузокожата и ја намалува иритацијата на желудникот.
Алое вера
Ова растение одлично делува при многу болести, а особено е добро за заздравување на
слузницата на желудникот. Се верува дека за ова е одговорно соединението алоктин, кое го
намалува гастричниот сок и гастричните лезии и помага во забрзување на заздравувањето.
Земете 30 до 60 мл сок од алое вера наутро на празен стомак и ќе видите резултати.
Ѓумбир
Ѓумбирот е еден од најдобрите природни лекови за стомачни проблеми, бидејќи го ублажува
гадењето подобро од било кој фармацевтски препарат. Помага при варење на храна, гасови,
нервозни црева, недостаток на апетит, слаба циркулација, диспепсија и други гастроинтестинални
проблеми. Консумирајте по една лажичка свеж сок од ѓумбир три пати на ден.
Куркума
Неговото соединение куркумин има антиинфламаторно дејство, го стимулира формирањето на
жолчката и го подобрува варењето. Го намалува прекумерното лачење на киселина во
желудникот. Консумирајте половина лажичка куркума во чаша вода пред јадење три пати на ден.

Диета при гастритис

Третманот на гастритис започнува со промена на исхраната, што може да доведе до трајно
излекување.
– Се препорачува лесна вегетаријанска, варена или сирова исхрана без тешка и масна
храна.
– Јадете помали оброци неколку пати на ден.
– Во секој оброк внесете лиснат горчлив зелен зеленчук.
– Пијте филтрирана или изворска вода.
– Користете ладно цедени растителни масла, особено маслиново и ленено семе.

Што да избегнувате:

– месо, месни производи и прехранбени производи од животинско потекло (млечни
производи и јајца)
– брза храна (грицки, лименки, индустриски сосови, инстант супи, итн.)
– производи од бело брашно
– животински масти, рафинирани масла и маргарин
– алкохол, цигари.

За повеќе практични и здрави совети посетете го нашиот ајурведски центар.

АЈУРВЕДСКИ ПРЕГЛЕДИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...