Цвеклото е храна која е позната по своите лековити својства, а денес ви предлагаме рецепт за хумус од цвекло кој ќе ви го оживее црниот дроб, жолчката, лимфниот систем, а секако ќе го подобри хемоглобинот. Иако намазот од цвекло можеби не звучи премногу вкусно, кога ќе го пробате, ќе се уверите во спротивното. Ајурведата ве уверува дека едноставно мора да го пробате овој намаз, ако не поради вкусот, тогаш поради сите лековити својства што ги носи. Имено, цвеклото е зеленчук полн со хранливи својства, полн со антиоксидантни влакна и супстанции кои го поддржуваат здравјето на црниот дроб, а познато е и по подобрување на процесот на детоксикација со помош на куркумата..
Потребни состојки:
2 цвекло со средна големина или 3 помали
150 грама убаво искиснат или сварен наут
Сок од 1 ½ лимон
5 чешниња лук
½ лажичка сол
¼ шолја Ги масло
¼ чаши вода
½ лажичка куркума
Во тавче прелијте го цвеклото и варете го додека не омекне, околу 20 минути. Откако ќе се свари, цвеклото измијте го под млаз ладна вода, излупете го и исечете го на поголеми парчиња. Сите состојки ставете ги во блендер, вклучете и оставете да се претвори во кремаст намаз. Послужете чипс од сезонски зеленчук, крекери од ориз или свеж интегрален леб.
Уживајте во студените денови 🙂





0 Comments