fbpx
Како да се намалат проблемите со гихт!
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Како да се намалат проблемите со гихт!

Како да се намалат проблемите со гихт!

by | Дек 17, 2021 | 0 comments

Како да го намалиме воспалението на гихт!

Гихтот е болест која се манифестира со појава на акутни напади на болки во зглобовите,
придружени со црвенило и отоци. Но, болеста често станува хронична и се карактеризира не
само со промени во зглобовите, туку и со промени во срцето, крвните садови, нервите, како и
болка во мускулите.
Се смета дека гихтот е предизвикан од таложење на соли на натриум урична киселина во
‘рскавицата, зглобните капсули и тетивите. Меѓутоа, вистинската причина за појава на гихт може
да се најде во нарушување на пуринскиот метаболизам,
Секое распаѓање на клетките во телото, особено на мускулите, како и секое зголемено внесување
на месо е придружено со зголемено производство на урична киселина во крвта и зглобовите.
Не е позната непосредната причина за ова нарушување во метаболизмот на пурините, но
забележано е дека гихт почесто се јавува кај луѓе со вишок килограми, особено кај повозрасни
мажи.
За решавање на овој здравствен проблем неминовна е диетална терапија:
Ако се применува оваа диетална терапија, потребно е да се следат следниве принципи:
1. Намалување на калориските вредности на дневниот оброк, до степен што побрзо да ги
намали вишокот килограми.
2. Исклучување храната која содржи големо количество нуклеопротеини, односно пурински
бази, од дневното мени.
3. Месо. Секаква употреба на месо е забранета. Штом се смират симптомите на гихт,
консумирајте само мали количини месо.
4. Зеленчук: Спанаќ, печурки, грав, леќа и грашок не се дозволени. Друг зеленчук е дозволен.
Предност се дава на компири во варена форма, не пржени или печени.
5. Алкохол е забранет.
6. Квасец: Секоја употреба на квасец, во која било форма, треба да се избегнува.

Која храна да се консумира?

Житарици, само тесто без квасец.
Млеко и млечни производи, не е одредена количината.
Јајца: Дозволено е консумирање од 3 до 4 јајца дневно.
Масти: Мастите со ниска точка на топење се претпочитаат, но треба да се користат умерено.
Овошје: Сите овошја се дозволени.
Шеќерни концентрати: Шеќерот е дозволен, но во умерени количини или да избегнувате
консумирање шеќер.
Пијалоци: Дозволени се кафе, чај, какао.
Препорака: Дневниот оброк треба да содржи околу 2000 калории, а тоа ќе го обезбедите со: 65
грама протеини, 80 грама масти, како и 270 грама јаглехидрати. Овие вредности ги презема лице
чија идеална телесна тежина е 70 кг и висина на телото е 170 см.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...