Надворешното јадро од оревот е одлична состојка за оштетен површински слој на лицето и
превентивна нега против брчки.
– Јадрото од орев содржи најмногу масла (55-65%), потоа протеини со висока вредност
(15%), исто количество јаглехидрати и е богато со калиум, магнезиум, фосфор, железо,
витамини Б и Ц. Оваа комбинација на одличните хранливи материи се идеални за вашето
здравје, но и за вашиот изглед.
– Оревот е богат со антиоксиданси, чудесни материи во нашето тело кои ги штитат клетките
од стареење, помагаат во обновата на ткивата, спречуваат болести и помагаат на
имунолошкиот систем.
– Содржи комплекс на хранливи материи кои ја формираат основата за здрава кожа и коса.
Покрај другите хранливи материи, оревите содржат и витамин Е. Конзумиран орално, овој
витамин промовира подобро заздравување и обновување на кожата и косата.
Надворешното јадро на оревите е одлично за оштетен површински слој на кожата и превентивна
нега против брчки, па затоа направете си сами маска која ќе ви ја опорави и подмлади кожата.
Потребни состојки:
– 1 шолја ореви
– малку млеко /може и билно/
– лажица мала со Ги масло
– лажица мала мелен кардемом
Подготовка:
– Сомелете ги оревите и додадете малку млеко, потоа Ги маслото, промешајте убаво,
додадете го каредемонот и повторно промешајте со дрвена лажица за да добиете густа
компактна смеса или маска.
– Нанесете на вратот и лицето и оставете да отстои околу 20 минути, а потоа исплакнете.
*Сета тајна на убавиот изглед и здравата кожа, коса и нокти е во вашиот дом*
За длабинска и целосна нега на кожата користете Серум за лице златна карма.





0 Comments