fbpx
Ајурведски пијалок за здрави очи

Ајурведски пијалок за здрави очи

by | Јан 3, 2022 | 0 comments

Спречете го губењето на видот и болестите на очите со овој рецепт…

Видот е клучен за здрав, независен и долг живот. Меѓутоа, проблемите како што се катаракта, макуларна дегенерација и ретинопатија стануваат се почести денес.

Како можеме да ги заштитиме нашите очи? Треба да знаете каква храна да јадете за да го зачувате видот. Ова се витамини и хранливи материи кои се клучни за добар вид: Витамин А и каротеноиди. Најдобри извори на овие витамини се говедскиот или пилешкиот црн дроб, рибиното масло, млекото и јајцата, но и овошјето и зеленчукот. Сепак, мора да внимавате да не претерате со витаминот А, бидејќи прекумерните количини на овој витамин можат да бидат штетни за вашето тело и може да се одразат во форма на главоболки, вртоглавица, болки во зглобовите и осип. Препорачаната дневна доза е 600 микрограми витамин А од различни извори. Во групата на каротеноиди спаѓаат алфа-каротен, бета-каротен и бета-криптоксантин, кој при варењето се претвора во витамин А. Добри извори на каротеноиди се зелениот зеленчук, жолтото и црвеното овошје и зеленчук, портокалите, морковите, доматите, брокулата, лубеницата итн. Лутеин и зеаксанти.

Пијалок за здрави очи

Со редовно консумирање на овој напиток ќе го подобрите видот, а за него ви се потребни само овошје и зеленчук.

Состојки:

– 2 чешниња целер (содржи каротеноиди)

– 1 морков (содржи каротеноиди)

– 1 пиперка (витамин Ц)

– 2 портокали (витамин Ц)

– 1 цвекло (содржи лутеин и зеаксантин)

Можете да додадете и некое друго овошје, мед или Ги масло за да ја засладите оваа смеса, а потоа измешајте сè во блендер. Покрај споменатото овошје и зеленчук, за зачувување на добриот вид помагаат и боровинки, гоџи бобинки, рузмарин и куркума. Нанесувајте редовно нетра капки – ајурведски маслени капки за вид.

 

 

Пречистен путер Ги (Ghee)

Органско ајурведско масло за очи

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...