fbpx
Aјурведско златно млеко за подобар имунитет
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Aјурведско златно млеко за подобар имунитет

Aјурведско златно млеко за подобар имунитет

by | Сеп 2, 2020 | 0 comments

Ајурведата се базира на холистички поглед кон здравјето, односно го гледа телото како еден целосен систем, додека добросостојбата и здравјето зависат од воспоставениот баланс меѓу телото, умот и духот.

Кога балансот во нашиот организам е нарушен, тогаш настанува болест. Најважна е превенцијата, односно да се одржува рамнотежата и доброто здравје на дневно ниво. 🌱 Главната состојка е куркумата, која многу често се користи во ајурведата токму поради антивоспалителните и антиоксидантните својства.

🌱Штити од срцеви заболувања поради тоа што овој пијалак го намалува нивото на холестеролот во крвта и ги заштитува крвните садови.
🌱Присуството на суров ѓумбир има антиканцерогени својства, што важи и за зачините цимет, куркума и црн пипер.

🌱 Заштитува од настинки и го подигнува имунитетот поради своите антибактериски и антивирусни својства, бидејќи активните состојки се борат со инфекциите во телото и го спречуваат размножувањето на бактерии.

🌱 Ја подобрува дигестијата.

Потребни состојки:
1/2 шолја млеко /за замена користете било млеко/
1 лажица куркума
1 лажица рендан ѓумбир
1/2 лажица цимет
Малку црн пипер
1 лажица мед (во изладено млеко)
1/2 лажичка кокосово масло (по избор)

Подготовка:
Загрејте го млекото. Само што ќе зоврие, тргнете го од оган. Додадете ги сите состојки освен медот и мешајте на ниска температура 2-3 минути. Потоа, оставете пијалакот природно да почне да се лади, па на крај додадете го медот.

Консумирајте го пијалакот додека е уште млак.

Медот не треба да се додава додека е жежок пијалакот. За веганска варијатна може да користите млеко од бадем, лешник, индиски орев, фстак, а наместо мед додадете малку темен шеќер.

 

Органска куркума во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...