fbpx
Ајурведски трик – како природно да го ублажиш крварењето од непцата?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – како природно да го ублажиш крварењето од непцата?

Ајурведски трик – како природно да го ублажиш крварењето од непцата?

by | Окт 16, 2020 | 0 comments

*Be Ayurveda* – *Be happy and healthy*

– Кога јадеме тврдо јаболко, дали може да се забележат црвени траги од крв таму каде сме
го загризале јаболкото?
– Дали додека ги миеме забите, честопати плукаме крв заедно со пастата за заби?
Препознај ги знаците, причинина за крварење на непцата
*Крварењето на непца ако навремено не се третира може да преставува голем проблем. Тоа
може да биде предизвикано од гингивит. Ако консумираме многу скроб и шеќер, на забите се
формираат наслаги на закоравени бактерии – плаки. Кога плаките останат на забите повеќе од
неколку дена, тогаш се формира забен камен, кој, ако не се исчисти, доведува до воспаление и
заболување на непцата. Лошата вест е дека воспалените непца се отечени и со текот на времето
може да доведат до клатење, па дури и до губење на забите. Згора на тоа, сето ова оди во
комплет со лош здив, проблемот станува уште посериозен. Затоа, важно е да се преземат сите
чекори за да се отстрани овој здодевен проблем.
*Гуми за џвакање може да предизвикаат уште поголеми отварања на непцата, можат да укажат на
уште посериозен здравствен проблем, како што е дијабетес. Во тој случај, треба да се
консултираме со лекар за да ја утврдите точната причина, бидејќи само со отстранување на
причината ќе може успешно да се реши проблемот со крварење на непцата.
*Ако земаме лекови како варфарин или аспирин, тоа исто така може да биде предизвикувач на
крварење.
*Ако непцата често ни крварат, неиодложна е посетата на стоматолог.
*Хигиена на забите и редовна проверка на состојбата на забите и непцата е неминовна.
Ние исто така ви донесуваме одлични и лесно достапни природни решенија за здрави заби и
непца. Испробајте ги и уверете се колку се ефективни.
Можни причини за крварење на непцата:
прекумерно четкање на забите
користејќи тврда четка
невнимателна употреба на забен конец
лоша хигиена на забите
инфекции на непцата
лекови за разредување на крв
хормонални промени во бременоста
вештачки заби или држач за заби што не се вклопува добро
пушење
Ретки, но исто така и поопасни причини за крварење:
гингивитис
периодонтитис
недостаток на витамин К.
недостаток на витамин Ц.
леукемија
дијабетес
тромбоцитопенија
хемофилија
Совети за подобро здравје на забите и непцата
*Ако премногу силно ги миете забите, намалете го притисокот со четка.

*Ако земате лекови за разредување на крв, разговарајте со вашиот лекар за промена на лековите.
* Обрнете внимание на хигиената на усната шуплина – мијте ги забите со нежен притисок двапати
на ден 2-3 минути!
* Пожелно е промена на четката за заби на еден до два месеци или почесто.
*Исчистете го просторот помеѓу забите со забен конец (ако тоа предизвика крварење,
консултирајте се со стоматолог).
*Зголемете го внесот на витамини, особено витамин К (кељ, млад кромид, зеље, зелка, брокула )
и витамин Ц (јагоди, агруми, пиперки, магдонос…)
*Пијте зелен чај и џвакајте свежи листови од нане (против лош мирис од устата и за заштита на
забите од бактерии)
* Посетете го вашиот стоматолог на секои шест месеци за да ги отстраните плаките од забите
бидејќи ова исто така може да биде предизвикувач на заболување на непцата и крварење.
*Намалете го нивото на стрес – студиите покажаа дека долгорочниот стрес го зголемува ризикот
од периодонтитис и други болести на непцата и забите.
*Користи природни раствори за крварење на непцата

Практикувај жабуркање со масло

Доколку имаш крварење на непцата веднаш започни со оваа ајурведска практика
Докажано е дека жабуркање масло, видно ги намалува воспалителните процеси во непцата и ги
ублажува симптомите на заболување на непцата.
Оваа здрава навика освен што сигурно ќе го намали крварењето на непцата, совршено ќе ги
исчисти забите и целата усна шуплина. Жабуркањето ќе ви помогне да се ослободите од лошиот
здив.
Како се аплицира?
Протресете 1-2 лажички од нашето масло во устата околу 20 минути. Потоа плукајте ја содржината
Правете го ова секој ден, по можност наутро. Внимавајте да не го проголтате маслото.

 

Ајурведско масло за жабуркање

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...