Колку е всушност здрава варената пченка и како најдобро да се подготви?
Доколку барате нови идеи како да подготвите пченка, имаме еден фантастичен и многу квалитетен трик – готвење пченка во купка со Ги масло – путер! Верувајте ни, резултатот ќе ве воодушеви: совршено сладок и нежен вкус на пченката.
Еве ги сите здравствени придобивки од варената пченка:
-го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести
-ја намалува апсорпцијата на холестерол во организмот
-го контролира дијабетесот и хипертензијата
-го регулира варењето
-ги зајакнува коските
позитивно влијае на кожата и видот
За подготовка на ова јадење или прилог ви требаат само десет минути, а резултатот сигурно ќе ве воодушеви.
Потребни состојки:
10 чаши вода
6 кочани од пченка
1 шолја млеко/може и растително/
100 гр Ги путер
1 лажичка сол
Како да го подготвите: Во поголем сад ставете ја водата да зоврие. Додадете чаша млеко и Ги путер и сол. Кога путерот ќе се растопи, додадете ја пченката, па намалете ја топлината. Гответе околу осум минути. Извадете ја пченката и послужете ја.
Искористете додека сеуште ја има по пазарите.
0 Comments