fbpx
Здрав ајурведски хумус – пире од наут и сусам
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Здрав ајурведски хумус – пире од наут и сусам

Здрав ајурведски хумус – пире од наут и сусам

by | Јан 28, 2021 | 0 comments

 

Хумусот е традиционално пире од наут и сусам од Блискиот исток што може да се јаде како
предјадење или како главно јадење со свеж зеленчук и парче леб.
„Хумус“ на арапски јазик буквално значи наут, а името на јадењето е „хумус би тахина“.
Подготовка на хумус според Ајурведска кујна
-Потребно време 8 часа со натопување на наут
-Време за варење на наутот – 20 минути
-Време за подготвување – 5 минути

Состојки:
1-2 чаша наут натопен преку ноќ /во зависност колку луѓе ќе јадат/
1 лажица тахини – таан
3 лажици маслиново масло
3 лажички сок од лимон
1/4 лажиче хималајска сол
УПАТСТВО:
Потопете го наутот преку ноќ, 8 часа. Исфрлете ја водата и варете во тенџере уште 20 минути.
Нека се излади малку, ставете го наутот во блендер со малку вода и изблендирајте ја смесата,
потоа додадете ги останатите наброени состојки и мешајте додека не се изедначи смесата.
Оставете еден час да отстои хумусот и потоа може да го послужите.

На здравје!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...