Abhyanga (целосен маслен третман на телото) е масажа што се применува во ајурведата за исцелување на целото тело. Овој вид на масажа, се изведува во една насока. Абјанга третманот може да се примени превентивно, заради лекување или одржување на моменталната состојба.
За секој дел од телото се предвидени одреден број минути. Најчесто започнуваме во седечка положба, масажата на главата е првиот дел, а потоа се продолжува по целото тело и трае повеќе од 45 минути.
Ова се некои од состојбите при кои овој третман помага:
го забавува стареењето и промовира долговечност,
го елиминира заморот и стресот,
го лечи и смирува нервниот и ендокриниот систем,
го прави телото посилно,
спречува несоница,
спречува дехидрација на телото,
ги зајакнува нервите во телото,
го зајакнува имунолошкиот систем и лимфен проток или само-заздравување на телото.
Shirodara (топло маслење на главата) е кралевска форма на маслената терапија. Ширододара е специфична исклучиво за ајурведската медицина.
Широдара се изведува со топол проток на лековито масло врз челото и целата глава. Маслото тече рамномерно низ целото чело. Лицето лежи на грб, а очите му се покриени. Маслото, кое се загрева на температура е малку повисока од температурата на телото, во голема количина се истура на горниот дел од челото – под делот каде започнува растот на косата, а каде се наоѓаат голем број важни марма точки за нашето тело..
Овој вид на терапија се користи кај: зголемен стрес, параноја, депресија, нарушувања на спиењето, хронични главоболки и други заболувања или здравствени проблеми. Ширододара, исто така, има корисен ефект врз парасимпатичниот нервен систем и го намалува крвниот притисок.




0 Comments