Болката во нозете може да биде знак на сериозни болести!
Ајурведата вели: Болка во стапала, отечени стапала, чувство на тежина во нозете може да бидат
симптоми на болест.
Што предизвикува оток на нозете? Кога тој симптом е причина за загриженост, Кога отокот може
да биде знак за посериозна болест?
Ајурведата смета дека стапалата се важен одраз на нашето здравје. Знаеме ли дека болката,
пецкањето или отечените нозе може да бидат знаци на посериозни болести?
Знаеме ли што значи кога нозете се надуени „како крофни“?
“Таквите нозе укажуваат на акумулирање вишок течност, лоша циркулација, висок крвен
притисок, заболување на бубрези и дијабетес.
“Овој проблем е се почест кај помладите луѓе, особено кај жените кои носат високи потпетици.
Треба многу да се внимава на изборот на обувки, кои може да доведат до компликации.
Неудобните чевли може да доведат до непријатно пецкање кое доаѓа од пределот на’рбетот,
долниот дел на грбот како нервна пареза. Оваа непријатна состојба за многу кратко време се
проширува на стапалата и почнуваме да чувствуваме непријатана болка, отеченост, замор и
тромавост во потколената и стапалата.
На нозете им е потребен одмор одвреме, навреме. Премногу тренинг, премногу напрегање,
премногу стоење на нозе, може да има негативно влијание на стапалата и нозете во целина.
Потребно е да правиме јога вежби за истегнување, но да не претеруваме во ништо.
***На пример, кружни движења во пределот на зглобовите и стапалата да се прават два три
пати на ден, три до пет минути се доволни за ослободување на мускулите на стапалото “, вели
Ајурведата.
***Подигање на нозе на ѕид 15 минути секојдневно, особено во летниот период се препорачува
како превенција од отоци и загрозена периферна циркулација на долните екстремитети.
“Секогаш кога имаме тешки нозе и чувство на тежина, веднаш кога ќе се вратиме дома, ќе мора да
ги кремнеме нозете на зид, на тој начин се намалува едемот или отокот на нозете.
Деформитетите на нозете, на пример рамното стапало е многу честа појава и може да предизвика
слаба симетрија на телото, особено кај децата.
“Сколиозата, кифозата, болката во долниот дел на грбот можат да бидат компликации и сето тоа
се третира со вежбање.
***Одење боси, во домашни услови, во градина или природа, е многу важна активност за децата,
но и за возрасните. Ако одиме по песок или груба површина, ако носиме анатомски влошки, ако
редовно внимаваме да одржуваме нормална тежина која нема да преставува терет на нозете и
стапалата, ние свесно ќе го намали товарот. “вели Ајурведата.
***и за крај, да незабораваме да ги освежиме нозете под млаз вода неколку пати на ден и пред
одење во кревет да ги измасираме со топло масло кое ќе ги ревитализира нозете, ќе ја намали
болката и ќе ги релаксира.
Добри резултати се постигнуваат со Падаабјангам – ајурведски третман за стапалата.




0 Comments