Доволно е да одвоите само десетина минути секој ден
Пронајдете тивко место и одвојте 10 минути да си посветите на себе. Обезбедете простор што ќе ви овозможи да ги затворите очите и да се одморите. Ако зборувате на телефон,читате и пишувате пораки истовремено, нема да го постигнете истиот ефект, затоа отстранете сè што може да ви го одвлече вниманието. Легнете на грб, со бедрата одвоени 15 до 50 сантиметри од ѕид. Свиткајте ги нозете во колена и потпрете ги потпетиците на ѕидот. Ако бутовите се наоѓаат под прав агол од задниот дел, тогаш задникот е на вистинското растојание од ѕидот. Исправете ги нозете и потпрете се на ѕидот со нозете. Не ги свиткувајте нозете во колената и опуштете ги. Ставете перница под главата (или грбот). Треба да ви биде многу пријатно. Затворете ги очите и дишете длабоко или уџаи. /правилно јогиско дишење/ Едната дланка ставете ја на стомакот, а другата во пределот на срцето. За цело време бидете свесни за вашето дишење. Вдишете броејќи до 4 и издишете сметајќи до 6. Држете ја оваа позиција 10 минути со затворени очи. Дишете и опуштете се. Оваа вежба ќе ве доведе во состојба на медитација иако не сте ни свесни за тоа. Веднаш ќе почувствувате како вашето тело и ум се нурнуваат во мир и ќе постигнат хармонија
5 корисни ефекти на оваа вежба:
– Го намалува отокот на нозете;
– Го елиминира синдромот на уморни нозе;
– Го подобрува варењето на храната;
– го релаксира нервниот систем;
– Придонесува за ментален мир.
Добри резултати се постигнуваат доколку пред почетокот на вежбаа ги испрскате нозете со спрејот за болки или мелемеѕ против болки




0 Comments