Ајурведска масажа – секое утро одвој 10 минути за себе и изгледај 10 години помладо

– Древните ајурведските терапевти ни подарија уникатни мудрости и знаења како можеме сами да
влијаеме на нашата убавина и добар изглед.
-Ајурведската наука вели дека за изведување на оваа древна масажа на лицето се користат само
три методи: нежни и суптилни допири, притисок и посилни потчукнувања на лицето.
-Тапкањето или суптилните допири се изведуваат со показалец и среден прст, притисокот се прави со палец и показалец и
потчукнувањата се прават со врвот на прстите и дланките.
*Наутро најпрво го миеме лицето и потоа ја нанесуваме кремата со која секојдневно го
негуваме лицето.
*Започнуваме со лесно потчукнување на врвовите на прстите правејќи линии на лицето од
брадата се до скалпот, а потоа продолжуваме со штипкање на лицето и на крај лесно го
плескаме. Правете го тоа 1 до 2 минути, додека на лицето не се појави црвена трага.
*Потоа 1 минута, ги движиме рацете хоризонтално од вратот кон скалпот.
*Почнуваме да правиме линии со прстите исправувајќи ги брчките над веѓите. Секоја нова
линија ја започнуваме да ја повлекуваме од точката над коренот на носот.
*Потоа продолжуваме со истите движења над устата, секогаш почнувајќи од центарот на
усните под носот и движејќи се кон крајот на усните. Овој чекор при масажата трае 2
минути.
*Правиме стегање, притисок на лицето па потоа го опуштаме. Стегањата на лицето се
прави со силни движења од ноздрите до јагодиците за време од 1 минута.
*Потоа, почнуваме со вршење притисок долж линијата на јагодицата и околу очите.
Притискањето трае околу 1 секунда, а потоа зголемуваме и посилно притискаме масирајќи
го лицето 2 минути, како да сакаме да ги „подигнеме“ јагодиците на лицето.
*Со следниот чекор правиме притисок на точките за убавина (брадата, ноздрите, над
коренот на носот) 1 минута.
*Потоа правиме притисок на тоничните точки (под долната усна; на јагодиците; коренот на
носот, во близина на веѓите) 1 минута.
*Самомасажата на лицето ја завршуваме со лесно преминување на врвовите на прстите
над лицето и лесно движејќи ги, го потчукнуваме целото лице како да сакаме да го
разбудиме и подготвиме за денот кој ни следи.
Масажата на лицето е многу важна и може да ја правиме не само науто, туку секогаш кога
чувствуваме дека ни е потребна. Но, потребно е да се следат горенаведените чекори.

На крај нанесете ајурведски путер за лице и тело и хидрирајте ја целосно кожата.

Исто така можете да употребувате ајурведско масло за нега според вашата доша.

Масло за нега на кожа, конституција #vata (сува кожа)

Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп

 

 

Written by Ayurveda

March 8, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...