Маската за лице од морков е повеќе од одлична и ја препорачуваат експертите. Сè што треба да
направите е да изрендате две лажици моркови и да ги измешате со малку мед, кардамом и куркума. Промешајте и
нанесете ја оваа домашна маска на вратот и на лицето. Кога маската е целосно сува, може да се
отстрани и да се исплакне со млака вода. Добрите резултати од оваа маска веднаш ќе бидат
видливи. По нанесувањето на оваа маска негувајте го телото со нашето масло кое содржи голема количина на масло од морков.
Други бенефити од морковот:
– Здравјето на дебелото црево не треба да се занемари. Морковот е зеленчук кој има само
позитивни резултати на ова поле. Содржи фалкаринол, што ќе му овозможи да ја подобри
работата на дебелото црево и со тоа да спречи појава на разни болести, како и на
најлошото – канцер.
– Подобрената функција на црниот дроб е уште една во низата придобивки од конзумирање
моркови. Овој силен и моќен зеленчук има доволно моќ да го заштити црниот дроб од
сите токсини што му се закануваат. Морковот изобилува со растителни влакна, главни
потпомагачи во чистење на црниот дроб, а витаминот А е главен и одговорен за
отстранување на сите токсини од целото човечко тело. Друга важна точка за морковот и
црниот дроб е фактот дека морковот ќе ги намали масните наслаги во црниот дроб. Значи,
ако редовно се консумираат свежи моркови, што може да биде одлична закуска или
смирувачки сок, можноста за болести како што се хепатитис, холестаза и цироза е
значително намалена.




0 Comments