fbpx
Ајурведска хељда со брокула

Ајурведска хељда со брокула

by | Авг 20, 2021 | 0 comments

Сакате да ги изненадите вашите најблиски со оригинално и вкусно јадење, а истовреме да биде здраво? Ајурведската кујна ви подготви три рецепти со хељда, кои ќе ги воодушеват вашите најблиски.

Состојки :
200 гр хељда во зрно
300 гр брокула
1 компир
1 чешне лук
црвена пиперка
2 лажици сос од соја
маслиново масло
сол
Подготовка:
Измијте ја хељдата, исцедете, оставете да се исуши. Пржете ја, додадете вода (2: 1), покријте ја и
варете ја на тивок оган 20 минути.
Во друга тава, на малку масло пржете го лукот заедно со црвените пиперки и компирите исечени
на коцки. По околу десет минути, додадете ја исчистената брокула. Покријте и нека врие на
средна топлина додека не омекне брокулата.
На крај додадете ја хељдата и оставете ја на оган уште неколку минути. Пред да тргнете од оган,
додадете го сосот со соја.

Послужете ја топла, и наздравје!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...