fbpx
Ајурведска купка за здрава кожа

Ајурведска купка за здрава кожа

by | Авг 20, 2021 | 0 comments

* Овозможи си сјајна, мека и обновена кожа во домашни услови*
*За сите видови воспаленија на кожата, осипи, чешања, за многу чувствителна и сензитивна кожа
– направи си бања или маска од овесни или пченични трици -препорачува Ајурведата.
*Оваа бања има благо антиинфламаторно дејство, смирува, ги отстранува мртвите клетки и ја
стимулира регенерацијата на кожата. Се препорачува за олеснување на разни изгореници, рани и
проблеми со псоријаза. Едноставно, ја храни и освежува кожата на децата и возрасните.
Традиционално, многу години наназад оваа природна маска се покажла како спас за ублажување
на болките и чешањето кај деца кои имале овчи сипаници.

Можеме сами да си подготвиме домашна бања за нега на кожата од овесни или пченични трици
од органско потекло.
Ставете 1,5 килограми трици во ладна вода и варете ги кратко. Течноста во која се вараеа
триците истурете ја во полна када и вашата бања е подготвена. Додадете неколку капки есенцијално масло од лаванда. , арганово масло и невеново масло. Ајурведата секогаш препорачува
водата со која се бањаме да биде млака, не премногу топла. Останете во бањата 15 минути,
нежно третирајте го телото со рацете, триејќи ги деловите на телото кои ни се нај чувствителни,
почнувајќи од лицето, вратот со рамената, рацете, градниот кош, стомачниот дел, нозете се до
стапалата. Помини го целото тело неколку пати. Оваа бања се препорачува барем два пати во
месецот.
*Секогаш кога сакате да направите природна бања, кога сакате природно да ја исчистите кожата,
да го ослободите чувството на затегнатост и сувост, да се ослободите од осип поради воспаление
на кожата, црвенило и други заболувања, сторете го тоа и уживајте во домашни услови.

Не заборавете на крај да нанесете ајурведски путер за тело и лице.

 

Масло од невен

Oрганско чисто масло од арган

Ајурведско органско есенцијално масло – лаванда

 

Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...