Ајурведски домашни трикови од др.Авишек

Ајурведски трикови кои даваат неверојатен ефект врз телото!

Човечкото тело е многу мистериозен и неверојатен систем. Постојат некои древни трикови за
контрола врз организмот кои се едноставно зачудувачки.
Еве некои од нив:
✓ Непријатност во грло
Освен да пиете топол чај и да го плакнете грлото со солена вода, постои уште еден помалку
познат начин да се ослободите од непријатноста во грлото. А тоа е еден неверојатен трик – само
треба да си го почешате увото! Ајурведските доктори тврдат дека чешањето на увото ги
стимулира краевите на ушната обвивка и марма точките, создавајќи мускулен спазам во грлото.
✓ Смирете ги нервите
Ако вашите нерви се на работ и треба веднаш да се смирите, едноставно измијте се со многу
студена вода. Кога ќе го плиснете лицето со ладен млаз вода,природно ќе ви дојде да го задржите
здивот за кратко и веднаш ќе настане “ладење” на нервните рецептори. Телото почнува да прима
кислород, а вашиот нервен систем се смирува. Чаша ладна вода има приближно ист ефект.
✓ Страв од инекција
На некои луѓе им е тешко да соберат храброст да примат инекција. ЗАПОМНЕТЕ пред
медицинската сестра да ви даде инекција, кашлајте малку – ова ќе помогне да се одвлече
вниманието од болната процедура. Сепак, предупредете го лицето што ви дава инекција за
вашата намерно изведена кашлица.
✓Затнат нос
Ако имате затнат нос насочете го јазикот кон непцето и притиснете го делот над веѓите со
прстите. За 20-тина секунди, ќе се чувствувате многу подобро. Нанесете насја масло.
✓Спречете лузни од изгореници
Ако сте изгорени, не брзајте да нанесувате ладни облоги, направете го ова – лесно притиснете ги прстите на
изгореното место. На тој начин, температурата на тој дел од телото побавно ќе се врати на
нормалната телесна температура.
✓ Забоболка
Овој трик ќе биде корисен за сите кои имаат чувствителни заби. Ако чувствувате растечка
забоболка, ставете вреќичка мраз на дланката, а потоа преместете ја на испакнатоста помеѓу палецот
и показалецот. Нервните завршетоци и марма точката на раката и на лицето минуваат таму. Тие испраќаат
соодветен сигнал до мозокот, со што болката за многу кратко време ќе се намали.
✓ Немир
Позната ситуација: мора да одите на деловен или приватен состанок, да се облечете, да се
подготвите и започнува чудно чувство на немир, нервоза во стомакот и мало срце биење.
Звучи чудно, но за да се смирите и да се вратите во нормала – обидете се да дувате во
сопствениот палец, бидејќи тој е одговорен за таканаречениот вагус нервус, што е буквално
врската помеѓу телото и умот и е одговорен за нашиот немир во телото.

 

 

Органско ајурведско масло за нос

Written by Ayurveda

September 14, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...