fbpx
Ајурведски кулфи сладолед

Ајурведски кулфи сладолед

by | Јул 13, 2020 | 0 comments

 ⠀
 Кулфи е еден вид ајурведски сладолед. Се разликува од вообичаениот сладолед по вкус и конзистентност.  Има пријатен вкус на кардамом, млеко и ф`стаци.
 ⠀
 Можете да најдете кулфи рецепти со различни вкусови: со манго, јаболко, ананас, итн.
 ⠀
 Се служи или исечено на триаголници, квадрати или во форма на конус, пирамида.
 ⠀
Првично, кулфи не се правел од свежо млеко, се варело неколку дена, а сега се намали времето за готвење, се користело и концентрирано млеко, но сега најдобрите рецепти се прават од свежо млеко.
 ⠀
 Рецепт:
 ⠀
 🔸 1 литар млеко или 500 мл концентрирано млеко
 🔸 8-10 парчиња кардамом во зрно или две кафени лажечки од нашиот кардамом со прав,
 🔸 5-6 лажици кафеав шеќер и
 🔸 50 гр. ситно сецкани ф`стаци
 ⠀
 МЕТОД ЗА ИЗРАБОТКА:
 ⠀
 ✔️ Ставете го млекото во тава со дебело дно, додадете кардамом и оставете го млекото да зоврие. Намалете ја топлината на минимум и вриејте го млекото околу 2 часа.
 ⠀
 Треба да остане околу една третина од почетната маса.  Ако користите концентрирано млеко, тогаш вриејте го 20-30 минути.  Ако се формира пена, промешајте ја.
 ⠀
 ✔️ Додадете  шеќер и вријте 5 минути, а потоа процедете го млекото.  Додадете ф`стаци и добро измешајте.  Ставете ја смесата во сад погоден за замрзнување.  Ако имате специјален сад за  сладолед, тогаш можете да го користите.
 ⠀
 Ставете го кулфи во замрзнувач.  По околу еден час, извадете ја и измиксирајте, така што да нема кристали на мраз.  Вратете во замрзнувачот.
 ⠀
 Повторете ја оваа процедура уште двапати, после тоа, длабоко замрзнете.
 ⠀
 Пред сервирање, натопете го садот со кулфи во врела вода од надвор, сервирајте на чинија и посипете со сецкави ф’стаци.
 ⠀
 Бон апетит!
https://ayurveda.mk/product/organski-kardamom-vo-prav/

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...